Стилијан Петров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стилијан Петров
Stiliyan Petrov.JPG
Петров играјќи за Астон Вила
Лични податоци
Полно име Стилијан Аљошев Петров[1]
Роден на 5 јули 1979
Роден во Монтана, Бугарија
Држава Бугарија Бугарија
Висина 1,80 м[2]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 22 август 2016
Младинска кариера
Монтана Монтана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1999 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 43 (6)
1999–2006 Селтик Селтик 228 (55)
2006–2013 Астон Вила Астон Вила 185 (9)
Репрезентација
1998–2012 Бугарија Бугарија 105 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 18
25, 31 март 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:25, 31 март 2012 (UTC)

Стилијан Аљошев Петров (бугарски: Стилиян Альошев Петров; роден 5 јули 1979) е поранешен бугарски фудбалер, играч од средниот ред.

Кариерата ја започнал во екипата на Монтана, а како професионалец играл за три клуба: ЦСКА Софија (1996-1999), Селтик (1999-2006) и Астон Вила (2006-2013). Во 2003 година додека играл за Селтик бил избран за Бугарски фудбалер на годината.

Во март 2012, на Петров му била дијагностицирана акутна леукемија поради која морал да ја прекине привремено својата кариера.[3] На почетокот на натпреварот на Астон Вила против Челзи, во 19 минута се одржал едноминутен аплауз, посветен на бројот 19 на неговиот дрес. Според изјавата на неговиот претставник Стивен Хјуз за Скај спортс, тој немал намера да се повлече од фудбалот.[4] Во јули 2016 година, за прв пат после болеста повторно заиграл за Астон Вила во пријателскиот предсезонски натпревар против австрискиот ГАК во победата со 8-0.[5] Сепак, на 22 август 2016, тој го објавил своето повлекување од фудбалот откако не успеал да пронајде договор за продолжување на соработката со Астон Вила.[6].

За бугарската репрезентација (1998-2012) одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 8 голови. Со неа учествувал на Европскиот шампионат во 2004 кога бил и капитен на репрезентацијата.

Титули[уреди | уреди извор]

Бугарија ЦСКА Софија[уреди | уреди извор]

Шкотска Селтик[уреди | уреди извор]

Англија Астон Вила[уреди | уреди извор]

Индивидуални награди

  • ПФА Најдобар млад играч на годината во Шкотска : 2001.
  • Играч на годината на Селтик : 2005.
  • Играч на годината на Астон Вила избран од страна на играчите : 2009, 2012.
  • Играч на годината на Астон Вила избран од страна на навивачите : 2009.
  • Бугаски фудбалер на годината : 2003.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Statistics“ (PDF). Premier League. конс. 2010-01-10. 
  2. „Premier League Player Profile“. Premier League. конс. 11 март 2011. 
  3. | Бугарија: „Ќе победиш, капитену!“ e, Global Voices на македонски, проверено на 1 април 2012.
  4. | Stiliyan Petrov 'not quitting' as fans join for 19th minute round of applause, Метро, проверено на 1 април 2012.
  5. Stiliyan Petrov: Former captain plays first Aston Villa game in four years“, BBC, 9 јули 2016 (посет. 10 јули 2016 г).
  6. Ufficiale, Petrov si ritira dal calcio: nessun accordo con l'Aston Villa, foxsports.it, 22 август 2016

Надворешни врски[уреди | уреди извор]