Национален стадион „Васил Левски“
Васил Левски | |
---|---|
Место | Софија, Бугарија |
Отворен | 1953 |
Сопственик | |
Подлога | Трева |
Игра | |
Гледачи | 43.340 |
Стадионот „Васил Левски“ се наоѓа во Софија, Бугарија. Тој е најголемиот стадион во земјата, кој има сместивост од 43.340 седишта.
Стадионот се наоѓа во центарот на Софија, односно во склопот на Борисовата градина.
Стадионот бил изграден во 1953 година, а во текот на својата историја бил реновиран во 1966 и 2002 година. Претходно, на местото каде се наоѓа стадионот, се наоѓало игралиштето Левски и стадионот Јунак. Во времето кога стадионот бил изграден, имал сместивост од 80.000 гледачи[1]. Главната реконструкција на стадионот, според новите стандарди на УЕФА започнале во 1998 година, кога биле поставени седишта за гледачите.
Настадионот денеска своите настапи ги одржува Бугарската репрезентација по фудбал, како и финалињата од куповите на земјата. Во последните години, на овој стадион се играат и натпреварите помеѓу двата најголеми фудбалски екипи во Бугарија, ЦСКА Софија и Левски од Софија.
Освен за фудбалски цели, стадионот располага и со спортски сали по џудо, гимнастика, кошарка, бокс, аеробик итн. На стадионот често се одржуваат и музички концерти.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Историја за стадионот“. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2011-01-30.