Горан Влаовиќ
| Горан Влаовиќ | |||
|---|---|---|---|
| Лични податоци | |||
| Роден на | 7 август 1972 | ||
| Роден во |
Нова Градишка, СР Хрватска, СФР Југославија | ||
| Висина | 1,79 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | напаѓач | ||
| Повлекување | 2004 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1990–1991 |
| 24 | (11) |
| 1991–1994 |
| 80 | (59) |
| 1994–1996 |
| 50 | (18) |
| 1996–2000 |
| 73 | (17) |
| 2000–2004 |
| 64 | (29) |
| Total | 291 | (134) | |
| Репрезентација | |||
| 1993 |
| 2 | (0) |
| 2001 |
| 1 | (1) |
| 1992–2002 |
| 52 | (15) |
Горан Влаовиќ (Нова Градишка, 7 август 1972 ), e поранешен хрватски фудбалер.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Поранешниот хрватски национален фудбалски напаѓач играл за НК Осиек и Динамо Загреб во Хрватска, италијанска Падова, шпанска Валенсија и грчкиот Панатинаикос. За Динамо Загреб, во 81 натпревар, постигнал 61 гол. Со Динамо бил најдобар стрелец на хрватската фудбалска лига двапати во 1993 година и 1994 година, а постигнал 61 гол во генералниот пласман во ХНЛ. Во Шпанија ги освоил Копа дел Реј (1998/99) и Суперкуп де Еспања (1999) со Валенсија.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Првиот натпревар за хрватскиот фудбалски тим го одиграл против Австралија во 1992 година, на турнеја низ Австралија. За хрватската репрезентација, настапил на 52 натпревари и постигнал 15 гола. Тој настапил на Европското првенство во 1996 година во Англија и на Светското првенство во 1998 година во Франција и во 2002 година во Јапонија и во Јужна Кореја.
Во 2002 тој повторно бил на Светското првенство, но ги поминал сите 3 натпревари на клупата.
Признанија
[уреди | уреди извор]Поединечни
[уреди | уреди извор]- Најдобар стрелец 1. ХНЛ во сезони 1992/93 (23 гола) и 1993/94 (29 гола).
- Играч на годината во 1. ХНЛ во сезона 1992/93.
Клупски
[уреди | уреди извор]Динамо Загреб
[уреди | уреди извор]- Првак на Хрватска 1992/93.
- Хрватски фудбалски куп 1994 година.
Валенсија
[уреди | уреди извор]- Куп на Интертото на УЕФА 1998 година.
- Копа дел Реј 1998/99 година.
- Шпански Супер куп 1999 година.
Панатинаикос
[уреди | уреди извор]- Првак во Грција 2003/04.
- Грчки куп 2004 година.
Репрезентативна
[уреди | уреди извор]- Франција 1998 - Бронза
- Како член на репрезентацијата, во 1998 година му била доделена државна награда за спорт „Фрањо Бучар“.