Африкански куп на нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Африкански куп на нации

Soccerball current event.svg Африкански куп на нации 2019

Африкански куп на нации (француски: Coupe d'Afrique des Nations) — главниот меѓународен фудбалски турнир во Африка. Тој се одржува под покровителство на Африканската фудбалска конфедерација и претставува првенство исто како што е Европското првенство во фудбал. Првото првенство на турнирот било одржано во 1957 година, а од 1968 година тој се одржува на секои две години.

Само три екипи учествувале на Африканскиот куп на нации во 1957 година, и тоа Египет, Судан и Етиопија, а екипата на Јужноафриканска Република била дисквалификуван поради апартхејдот. Подоцна турнирот се проширил и биле воведени квалификации во кои учествуваат речиси сите национални тимови од Африка. Во 1998 година за прв пат на турнирот учествувале 16 екипи кои биле распределени во четири групи по четири екипи во секоја, а првите две од секоја група продолжуваат во фазата на директните елиминации. Овој формат на турнирот останува непроменет до денес.

Досега вкупно 13 репрезентции го освоиле Африканскиот куп на нации. Египет го држи рекордот со освоени 7 титули, додека Гана и Камерун имаат по 4 титули.

Започнувајќи од 2013 година, турнирот бил преместен за одржување во непарни бројни години за да не се судрира со Светското првенство организирано од ФИФА[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Први првенства[уреди | уреди извор]

Во јуни 1956 година за време на третиот конгрес на ФИФА во Лисабон била основана Африканска фудбалска конфедерација. Веднаш се родиле планови за организирање на континентално фудбалско првенство. Првото се случило во февруари 1957 година, кога во Картум се одржало првото издание на Африканскиот куп на нации. Првичната идеја била да учествуваат четирите земји основачи на ЦАФ - Египет, Етиопија, Јужноафриканска Република и Судан, но Јужноафриканците одбиле да испратат тим составен и од бели, и од обоени играчи. Тоа довело до дисквалификација на тимот од турнирот и нивно исклучувањето од Африканската фудбалска конфедерација. До враќањето во конфедерацијата во 1992 година, Јужноафриканска Република не учествувала во никакви меѓународни првенства на африканскиот континент. На овој начин првиот турнир поминал со учество на три екипи и вклучувало само на два натпревари, а Етиопија, која требало да биде противник на Јужноафриканска Република во полуфиналната средба, се пласирала директно во финалето. Египет станал првиот шампион на Африка, откако го победил Судан во полуфиналето и Етиопија во финалниот натпревар.

Две години подоцна истите три екипи зеле учество во второто издание на Купот на африканските нации во Египет. Тимот на домаќините успеал да ја одбрани титулата, победувајќи го овој пат Судан во решавачкиот натпревар. На турнирот во 1962 година во Адис Абеба дебитирале репрезентациите на Тунис и Уганда. Шампион на ова првенство станала репрезентацијата на Етиопија, која го победила Египет во финалето по продолжение, не дозволувајќи им на Египќаните да добијат трета последователна титула[2].

Во 1963 година Гана учествувала за прв пат како домаќин на турнирот и успеала да го освои по убедливата победа над Судан во финалето. Во следната деценија Гана се етаблирала како главна фудбалска сила во Африка, успевајќи да го повтори својот успех две години подоцна на првенството во Тунис, на тој начин да го израмни постигнувањето на Египет од две титули, а на следните две изданија на турнирот стигнала до финалниот натпревар[3]. На првенството во 1965 година било воведено ново правило со цел забрзување на развојот на африканскиот фудбал: секој тим може да пушта на теренот не повеќе од двајца играчи, по потекло од неафрикански земји.

На Купот на африканските нации во 1968 година биле направени две групи со по четири екипи, од кои првите два се квалификувале за полуфиналето. Овој формат на турнирот се задржал до 1982 година[4]. Демократска Република Конго освоил својата прва титула, победувајќи ја Гана во решавачкиот натпревар, а две години подоцна екипата на Судан го кренал трофејот по победата повторно над Гана. Играчот на Брегот на Слоновата Коска, напаѓачот Лоран Поку станал прв стрелец на овие две првенства односно со шест и осум гола, а неговите вкупно 14 голови како рекорд биле надминати дури во 2008 година.

70-те години[уреди | уреди извор]

Шест различни репрезентациите го освоиле првенството од 1970 до 1980 година - Судан, Република Конго, Заир, Мароко, Гана и Нигерија. Втората титула на Заир од турнирот во 1974 година (пред тоа тимот освоил првенството еднаш под името Демократска Република Конго) бил постигнат по успехот против Замбија во финалето. За прв и единствен пат во историјата на турнирот финалниот натпревар требало да се разиграван, откако првата средба меѓу двете репрезентации завршил нерешено 2-2 по продолженија. Поради тоа бил одржан уште еден натпревар на кој како победник бил Заир со 2-0. Напаѓачот Муламба Ндаје ги дал сите четири голови за репрезентацијата на Заир во овие два натпревари. Тој станал и голгетер на турнирот со вкупно девет погодоци, што е рекорд за едно издание на Купот на африканските нации. Мароко го освоил трофејот во 1976 година во Етиопија, а Гана го напправила по трет пат во 1978 година, станувајќи првата нација со три титули. Во 1980 година Нигерија била домаќин на првенството и го победила на Алжир во финалето, станувајќи осмата репрезентација со триумф од Купот на африканските нации.

80-те години[уреди | уреди извор]

Гана се вратила на врвот освојувајќи го првенството во Либија во 1982 година. Правилото за најмногу двајца „странци“ во еден тим била укинета, бидејќи веќе голем дел од африканските фудбалери играле во европски клубови, и составите биле значително подобрени. Домаќините од Либија ја победиле Гана во натпреварот на откриванито на турнирот, но истите две екипи се сретнале и во финалето, но овој пат репрезентацијата на Гана победила 7-6 по изведувањето на пенали. Победник во Купот на африканските нации во 1984 година била репрезентацијата на Камерун, која победувајќи ја Нигерија, го освоил турнирот за прв пат, а потоа успеала да стигне до финалните средби на следните две изданија, губејќи го првото од Египет и второто од Нигерија. Две години подоцна Нигеријците одиграле трето финале во рамките на четири изданија на првенството, но изгубиле од домаќинот Алжир.

90-те години[уреди | уреди извор]

Во 1992 година во списокот на победници се појавило ново име - репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. За прв пат Купот на африканските нации се одржал во Сенегал, а бројот на учесниците бил зголемен до 12 репрезентации поради зголемениот број на земјите кои сакале да земат учество во квалификациите. Брегот на Слоновата Коска го освоил турнирот победувајќи ја Гана во финалето по изведувањето на пенали со 11-10. Репрезентацијата успеала да не дозволи да прими ниту еден гол од игра за време во петте средби од турнирот.

Во април 1993 година Замбија доживеала трагедија откако се урнал авионот со кој репрезентацијата на земјата патувала за Сенегал, за да го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство во САД. Во авионската несреќа починале сите 30 патници, вклучувајќи 18 фудбалери. Но неколку играчи кои настапувале во Европа, не биле во авионот за време на трагедијата. Тие станале основа на создавањето на новиот тим кој успеал да стигне до финалето на Купот на африканските нации во 1994 година во Тунис. Таму Замбија била поразена од Нигерија, за која ова било четврто финале за последните десет години.

Јубилејното дваесетто издание на Купот на африканските нации се одржало во Јужноафриканска Република во 1996 година. Ова било прво учество на домаќините на турнирот, откако била укината долгогодишната забрана за учество поради падот на апартхејдот и неуспешниот обид за пласман на првенството две години порано. На ова првенство учествувале 16 репрезентации од по четири групи, но во 1996 година тие биле 15 поради одбивањето на Нигерија да учествува во последен момент[5]. Јужноафриканците го освоиле ова издание на турнирот и повторно стигнале на финалната средба две години подоцна, но таму биле поразени од составот на Египет[6], кој на тој начин стигнал до својата четврта титула, израмнувајќи се со Гана.

21 век[уреди | уреди извор]

Првенството во 2000 година било првото што било организирано од две земји - Гана и Нигерија. На ова првенство победник била репрезентацијата на Камерун, која успеала да го повтори успехот на следното издание. Во првенствата во 2004 и 2006 година шампиони станале домашните репрезентации. Во првиот случај тоа бил Тунис, кој до тој момент го немал освоено ниту еднаш турнирот, а во вториот - Египет, за кој ова била рекордна петта титула.

Египет ги освоил и следните два турнири, во 2008 и 2010 година и на тој начин станал првиот тим кој станал фудбалски шампион на Африка три последователни пати. Во 2010 година Камерунецот Самуел Ето поставил рекорд за најмногу постигнати голови во историјата на Купот на африканските нации со вкупно 18 погодоци.


Статистика[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Година Домакин Финале Трето место
Шампион Резултат Второ место
1957
Детали
 Судан
Египет
4–0
Етиопија

Судан1
1959
Детали
 Обединета Арапска Република2
Обединета Арапска Република
n/a3
Судан

Етиопија
Година Домакин Финале Трето место Match
Шампион Резултат Второ место Трето место Резултат Fourth Place
1962
Детали
 Етиопија
Етиопија
4–2 (продолжетоци)
Обединета Арапска Република

Тунис
3–0
Уганда
1963
Детали
 Гана
Гана
3–0
Судан

Обединета Арапска Република
3–0
Етиопија
1965
Детали
 Тунис
Гана
3–2 (продолжетоци)
Тунис

Брег на Слоновата Коска
1–0
Сенегал
1968
Детали
 Етиопија
Congo-Kinshasa
1–0
Гана

Брег на Слоновата Коска
1–0
Етиопија
1970
Детали
 Судан
Судан
1–0
Гана

Обединета Арапска Република
3–1
Брег на Слоновата Коска
1972
Детали
 Камерун
Конго
3–2
Мали

Камерун
5–2
Заир
1974
Детали
 Египет
Заир
2–2 (продолжетоци)
2–0 (replay)

Замбија

Египет
4–0
Конго
1976
Детали
 Етиопија
Мароко
n/a4
Гвинеја

Нигерија
n/a4
Египет
1978
Детали
 Гана
Гана
2–0
Уганда

Нигерија
2–05
Тунис
1980
Детали
 Нигерија
Нигерија
3–0
Алжир

Мароко
2–0
Египет
1982
Детали
 Либија
Гана
1–1 (продолжетоци)
7–6 (пенали)

Либија

Замбија
2–0
Алжир
1984
Детали
 Брег на Слоновата Коска
Камерун
3–1
Нигерија

Алжир
3–1
Египет
1986
Детали
 Египет
Египет
0–0 (продолжетоци)
5–4 (пенали)

Камерун

Брег на Слоновата Коска
3–2
Мароко
1988
Детали
 Мароко
Камерун
1–0
Нигерија

Алжир
1–1 (продолжетоци)
4–3 (пенали)

Мароко
1990
Детали
 Алжир
Алжир
1–0
Нигерија

Замбија
1–0
Сенегал
1992
Детали
 Сенегал
Брег на Слоновата Коска
0–0 (продолжетоци)
11–10 (пенали)

Гана

Нигерија
2–1
Камерун
1994
Детали
 Тунис
Нигерија
2–1
Замбија

Брег на Слоновата Коска
3–1
Мали
1996
Детали
 ЈАР
ЈАР
2–0
Тунис

Замбија
1–0
Гана
1998
Детали
 Буркина Фасо
Египет
2–0
ЈАР

Демократска Република Конго
4–4 (продолжетоци)6
4–1 (пенали)

Буркина Фасо
2000
Детали
 Гана
 Нигерија

Камерун
2–2 (продолжетоци)
4–3 (пенали)

Нигерија

ЈАР
2–2 (продолжетоци)
4–3 (пенали)

Тунис
2002
Детали
 Мали
Камерун
0–0 (продолжетоци)
3–2 (пенали)

Сенегал

Нигерија
1–0
Мали
2004
Детали
 Тунис
Тунис
2–1
Мароко

Нигерија
2–1
Мали
2006
Детали
 Египет
Египет
0–0 (продолжетоци)
4–2 (пенали)

Брег на Слоновата Коска

Нигерија
1–0
Сенегал
2008
Детали
 Гана
Египет
1–0
Камерун

Гана
4–2
Брег на Слоновата Коска
2010
Детали
 Ангола
Египет
1–0
Гана

Нигерија
1–0
Алжир
2012
Детали
 Габон
 Екваторска Гвинеја

Замбија
0–0 (продолжетоци)
8–7 (пенали)

Брег на Слоновата Коска

Мали
2–0
Гана
2013
Детали
 ЈАР
Нигерија
1–0
Буркина Фасо

Мали
3–1
Гана
2015
Детали
 Екваторска Гвинеја
Брег на Слоновата Коска
0–0 (продолжетоци)
9–8 (пенали)

Гана

Демократска Република Конго
0–0
4–2 (пенали)

Екваторска Гвинеја
2017
Детали
 Габон
Камерун
2–1
Египет

Буркина Фасо
1–0
Гана
2019
Детали
 Камерун Не е одржано Не е одржано
2021
Детали
 Брег на Слоновата Коска Не е одржано Не е одржано
2023
Детали
 Гвинеја Не е одржано Не е одржано
  1.   Јужноафриканска Република била дисквалификуван поради апартхејдот.
  2.   Само три екипи учествувале.
  3.   Немало финален натпревар. Три екипи се натпреварувале меѓусебно и финалниот распоред изгледа: ОАР 4 поени, Судан 2 поени, Етиопија 0 поени.
  4.   Немало финален натпревар; Првенството било решено уште во групната фаза и финалниот распоред изгледа: Мароко 5 поени, Гвинеја 4, Нигерија 3, Египет 0 поени.
  5.   Натпреварот за третото место бил прекинат при резултат 1-1, кога екипата на Тунис се повлекла од теренот во 42-та минута во знак на протест. Нигерија службено го добила натпреварот со 2-0.[7]

Резултати по нација[уреди | уреди извор]

Репрезентација Победник Второ место Трето место Четврто место Вкупно
 Египет 7 (1957, 1959*, 1986*, 1998, 2006*, 2008, 2010) 2 (1962, 2017) 3 (1963, 1970, 1974*) 3 (1976, 1980, 1984) 15
 Камерун 5 (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) 2 (1986, 2008) 1 (1972*) 1 (1992) 9
 Гана 4 (1963*, 1965, 1978*, 1982) 5 (1968, 1970, 1992, 2010, 2015) 1 (2008*) 4 (1996, 2012, 2013, 2017) 14
 Нигерија 3 (1980*, 1994, 2013) 4 (1984, 1988, 1990, 2000*) 7 (1976, 1978, 1992, 2002, 2004, 2006, 2010) 14
 Брег на Слоновата Коска 2 (1992, 2015) 2 (2006, 2012) 4 (1965, 1968, 1986, 1994) 2 (1970, 2008) 10
 Демократска Република Конго 2 (1968, 1974) 2 (1998, 2015) 1 (1972) 5
 Замбија 1 (2012) 2 (1974, 1994) 3 (1982, 1990, 1996) 6
 Тунис 1 (2004*) 2 (1965*, 1996) 1 (1962) 2 (1978, 2000) 6
 Судан 1 (1970*) 2 (1959, 1963) 1 (1957*) 4
 Алжир 1 (1990*) 1 (1980) 2 (1984, 1988) 2 (1982, 2010) 6
 Мароко 1 (1976) 1 (2004) 1 (1980) 2 (1986, 1988*) 5
 Етиопија 1 (1962*) 1 (1957) 1 (1959) 2 (1963, 1968*) 5
 ЈАР 1 (1996*) 1 (1998) 1 (2000) 3
 Конго 1 (1972) 1 (1974) 2
 Мали 1 (1972) 2 (2012, 2013) 3 (1994, 2002*, 2004) 6
 Буркина Фасо 1 (2013) 1 (2017) 1 (1998*) 3
 Сенегал 1 (2002) 3 (1965, 1990, 2006) 4
 Уганда 1 (1978) 1 (1962) 2
 Гвинеја 1 (1976) 1
 Либија 1 (1982*) 1
 Екваторска Гвинеја 1 (2015*) 1

* домаќин

Рекорди[уреди | уреди извор]

Првенство Натпревари Голови Голови по натпревар
1957 2 7 3.50
1959 3 8 2.67
1962 4 18 4.50
1963 8 33 4.13
1965 8 31 3.88
1968 16 52 3.25
1970 16 51 3.19
1972 16 53 3.31
1974 17 54 3.18
1976 18 54 3.00
1978 16 38 2.38
1980 16 33 2.06
1982 16 32 2.00
1984 16 39 2.44
1986 16 31 1.94
1988 16 23 1.44
1990 16 30 1.88
1992 20 34 1.70
1994 20 44 2.20
1996 29 78 2.69
1998 32 93 2.91
2000 32 73 2.28
2002 32 48 1.50
2004 32 88 2.75
2006 32 73 2.28
2008 32 99 3.09
2010 29 71 2.45
2012 32 76 2.38
2013 32 69 2.16
2015 32 68 2.13
2017 32 66 2.06

Шампиони по регион[уреди | уреди извор]

Федерација (Регион) Шампион Број
УНАФ Египет (7), Алжир (1), Мароко (1), Тунис (1) 10 titles
ВАФУ) Гана (4), Нигерија (3), Брег на Слонова Коска (2) 9 titles
УНИФФАК Камерун (5), ДР Конго (2), Конго (1) 8 titles
ЦЕЦАФА Етиопија (1), Судан (1) 2 titles
ЦОСАФА ЈАР (1), Замбија (1) 2 titles

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Africa Cup of Nations Cup to move to odd-numbered years“, „BBC Sport“, BBC, 16 мај 2010 (конс. 13 февруари 2012 г).
  2. BBC News. „African Nations Cup - How it all began“, BBC, 14 декември 2001 (конс. 9 март 2007 г).
  3. BBC Sport. „The early years“, BBC, 16 јануари 2004 (конс. 9 март 2007 г).
  4. Macdonald, Tom (2010). The World Encyclopedia of Football:A Complete Guide to the Beautiful Game. 88-89 Black friars Road, London, UK: Hermes House. стр. 61. 
  5. Mark Gleeson. „SA to meet Nigeria“, BBC Sport, 12 октомври 2004 (конс. 10 декември 2007 г).
  6. African Cup of Nations: 1980-2002“, BBC, 16 јануари 2004 (конс. 11 март 2007 г).
  7. „16 March 1978 - The Eagles Of Carthage Get Grounded“. www.thisdayinfootballhistory.blogspot.com. http://tdifh.blogspot.com.au/2013/03/16-march-1978-eagles-of-carthage-get.html. конс. 30 март 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]