Африкански куп на нации 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Африкански куп на нации 2021
2021 Africa Cup of Nations logo.png
Податоци
Домаќин Камерун Камерун
Траење 9 јануари - 6 февруари
Tимови 24 (од една конфедерација)
Стадион(и) (во 5 градови)
Шампиони  Сенегал (1. титула)
2. место  Египет
3. место  Камерун
4. место  Буркина Фасо
Статистика
Вкупно натпревари 52
Вкупно голови 100  (1.92 по натпревар)
Публика
Најдобар стрелец(и) Камерун Венсан Абубакар (8 гола)
Најдобар играч Сенегал Садио Мане
Најдобар голман Сенегал Едуар Менди
2023 →     ← 2019

Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017.

Африкански куп на нации 2021 (познат и како АФКОН 2021, односно КАН 2021) е 33-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а се одржало во Камерун од 9 јануари до 6 февруари 2021 година.[1][2]

Првично во план било турнирот да се одржи во летото 2021 година. Меѓуоа, поради неповолните климатски услови во тој период, КАФ издал соопштение дека турнирот ќе се одигра порано во јануари и февруари истата година.[3] Сепак, подоцна КАФ по втор пат го поместил датумот на одржување на турнирот; одлучено било дека првенство ќе се одигра на почетокот на 2022 година како последица на пандемијата од КОВИД-19 на просторот на целиот континент. Поради спонзорски причини, името Африкански куп на нации 2021 останало во употреба.[4]

Бранител на титулата била репрезентацијата на Алжир, која на турнирот во 2019 по втор пат во историјата станала шампион на Африка.

Турнирот го освоила репрезентацијата на Сенегал, која во финалето го победила Египет со 4-2 по изведување на пенали.[5] Тоа била првата титула за Сенегал на турнирите од Африканскиот куп на нации, по две изгубени финалиња во 2002 и на претходно одиграниот турнир во 2019. Третото место го освоил домаќинот на првенството, репрезентацијата на Камерун.

Избор на домаќин[уреди | уреди извор]

По состанокот на Извршниот комитет на КАФ на 24 јануари 2014 година, било објавено дека има тројца официјални кандидати за домаќинството на изданието во 2021 година:[6]

Кандидатури:

  • Алжир
  • Брегот на Слоновата Коска
  • Гвинеја

Одбиени кандидатури:

  • ДР Конго
  • Габон
  • Замбија

Одлуката на земјата-домаќин била одложена од почетокот на 2014 година за да и се даде на секоја земја-кандидат соодветно време да ја прими делегацијата за инспекција.[6] По последното гласање на состанокот на Извршниот комитет на КАФ, на 20 септември 2014 година, КАФ ги објавил домаќините за АФКОН турнирите во 2019, 2021 и 2023 година: според тоа Камерун ја добил кандидатурата за 2019, Брегот на Слоновата Коска за 2021 и Гвинеја за 2023 година.[7]

На 30 ноември 2018, КАФ му го одзел домаќинството на Камерун на Африканскиот куп на нации 2019 .[8] Сепак, претседателот на КАФ Ахмад Ахмад рекол дека се согласил Камерун да биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2021 година. Следствено, Брегот на Слоновата Коска, оригиналниот домаќин на турнирот во 2021 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2023, а Гвинеја, оригиналниот домаќин во 2023 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2025 година.[9][10]

На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласане Уатара во Абиџан.[11]

Квалификувани репрезентации[уреди | уреди извор]

Следниве репрезентации се квалификувале за првенството.

Репрезентација Квалификувана како Датум на квалификување Број на учества Последно учество Најдобар резултат Пласман на
ранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството
 Камерун Домаќин / Победник на групата Ф 8 јануари 2019 20 2019 Шампион (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) 50. место
 Сенегал Победник на групата И 15 ноември 2020 16 2019 Финалист (2002, 2019) 20. место
 Алжир Победник на групата Х 16 ноември 2020 19 2019 Шампион (1990, 2019) 29. место
 Мали Победник на групата А 17 ноември 2020 12 2019 Финалист (1972) 53. место
 Тунис Победник на групата Ј 17 ноември 2020 20 2019 Шампион (2004) 30. место
 Буркина Фасо Победник на групата Б 24 март 2021 12 2017 Финалист (2013) 60. место
 Гвинеја Второпласиран во групата А 24 март 2021 13 2019 Финалист (1976) 81. место
 Комори Второпласиран во групата Г 25 март 2021 1 деби 132. место
 Габон Второпласиран во групата Д 25 март 2021 8 2017 Четвртфинале (1996, 2012) 89. место
 Гамбија Победник на групата Д 25 март 2021 1 деби 150. место
 Египет Победник на групата Г 25 март 2021 25 2019 Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) 45. место
 Гана Победник на групата Ц 25 март 2021 23 2019 Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) 52. место
 Екваторска Гвинеја Второпласиран во групата Ј 25 март 2021 3 2015 Четврто место (2015) 114. место
 Зимбабве Второпласиран во групата Х 25 март 2021 5 2019 Групна фаза (2004, 2006, 2017, 2019) 121. место
 Брег на Слоновата Коска Победник на групата К 26 март 2021 24 2019 Шампион (1992, 2015) 56. место
 Мароко Победник на групата Е 26 март 2021 18 2019 Шампион (1976) 28. место
 Нигерија Победник на групата Л 27 март 2021 19 2019 Шампион (1980, 1994, 2013) 36. место
 Судан Второпласиран во групата Ц 28 март 2021 9 2012 Шампион (1970) 125. место
 Малави Второпласиран во групата Б 29 март 2021 3 2010 Групна фаза (1984, 2010) 129. место
 Етиопија Второпласиран во групата К 30 март 2021 11 2013 Шампион (1962) 137. место
 Мавританија Второпласиран во групата Е 30 март 2021 2 2019 Групна фаза (2019) 103. место
 Гвинеја-Бисао Второпласиран во групата И 30 март 2021 3 2019 Групна фаза (2017, 2019) 106. место
 Зелен ’Рт Второпласиран во групата Ф 30 март 2021 3 2015 Четвртфинале (2013) 73. место
 Сиера Леоне Второпласиран во групата Л 15 јуни 2021 3 1996 Групна фаза (1994, 1996) 108. место

Судии[уреди | уреди извор]

Следниве судии биле избрани да ја делат правдата на натпреварите од Африкански куп на нации 2021. Освен од КАФ, двајца судии доаѓаат од КОНКАКАФ.[12]

Главни судии[уреди | уреди извор]

  • Алжир Мустафа Горбал
  • Ангола Елдер Мартинс де Карваљо
  • Боцвана Џошуа Бондо
  • Бурунди Пасифик Ндабихавенимана
  • Камерун Блез Јувен Нгва
  • Египет Махмуд Ел Бана
  • Египет Мохамед Маруф Еид Мансур
  • Египет Амин Омар
  • Етиопија Бамлак Тесема Вејеса
  • Гана Данијел Ларија
  • Гамбија Бакари Гасама
  • Гватемала Марио Ескобар
  • Кенија Питер Ваверу
  • Мадагаскар Андофетра Ракотожаона
  • Мали Бубу Траоре
  • Мавританија Дахан Беда
  • Маврициус Ахмад Хиралал
  • Мароко Редуан Жијед
  • Демократска Република Конго Жан Жак Ндала Нгамбо
  • Руанда Салима Мукансанга
  • Сенегал Магет Ндиаје
  • Сенегал Иса Си
  • Сејшели Бернард Камил
  • Јужна Африка Виктор Гомес
  • Тунис Садок Селми
  • Замбија Џени Сиказве

ВАР судии[уреди | уреди извор]

  • Алжир Лалу Бенбрахам
  • Алжир Мехди Абид Шареф
  • Египет Махмуд Мохамед Ашур
  • Египет Ахмед Ел Гандур
  • Мексико Фернандо Гереро
  • Мароко Самир Гезаз
  • Мароко Адил Зурак
  • Мароко Бушра Карбуби
  • Тунис Хајтем Гират

Ждрепка[уреди | уреди извор]

Ждрепката требала да се одржи на 25 јуни 2021, но е одложен за 17 август 2021.[2][13][14] Дваесет и четири репрезентации поделени се во четири групи, а секоја група се состои од шест екипи.

Прв шешир Втор шешир Трет шешир Четврт шешир

 Камерун (домаќин)
 Алжир (б.т.)
 Сенегал
 Тунис
 Нигерија
 Мароко

 Египет
 Гана
 Мали
 Брег на Слоновата Коска
 Гвинеја
 Буркина Фасо

 Зелен ’Рт
 Габон
 Мавританија
 Зимбабве
 Гвинеја-Бисао
 Сиера Леоне

 Судан
 Малави
 Комори
 Екваторска Гвинеја
 Етиопија
 Гамбија

Стадиони[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа дека бројот на учесниците на Африканскиот куп на нации се зголемил од шестнаест на двадесет и четири репрезентации, натпреварите на ова издание се одиграле на шест стадиони во пет градови во Камерун.[15] Тие шест стадиони биле: Олембе и Ахмаду Ахиџо во главниот град Јаунде, потоа Јапома во Дуала, стадионот Лимбе во истоимениот гра, Куеконг во Бафусам и Румде Аџија во Гаруа.[16] Првиот и последниот натпревар на првенството се одиграле на новоизградениот стадион Олембе во Јаунде чији капацитет изнесува 60.000 седечки места.[17]

Дуала Јаунде
Стадион Јапома Стадион Олембе Стадион Ахмаду Ахиџо
Капацитет: 50.000 Капацитет: 60.000 Капацитет: 42.500
Complexe Multisports de Japoma 3.jpg Voies d'accès au complexe multisports Paul Biya d'Olembé 01.jpg Ahmadou Ahidjo stadium-2.jpg
Гаруа Бафусам Лимбе
Стадион Румде Аџија Стадион Куеконг Стадион Лимбе
Капацитет: 30.000 Капацитет: 20.000 Капацитет: 20.000
LIMBE STADIUM BY MTTFA.jpg

Групна фаза[уреди | уреди извор]

Правила за одредување на позициите

Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):[18]

  1. број на освоени бодови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  2. гол-разлика во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  3. број на постигнати голови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  4. доколку повеќе од две екипи се изедначени и ако две екипи се и понатаму изедначени, сите горенаведени критериуми важат исклучиво за тие две екипи;
  5. гол-разлика во сите натпревари во групата;
  6. број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
  7. ждрепка.

Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).

  Екипа која се квалификувала во осминафинале

Група А[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група A
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Камерун 3 2 1 0 7 3 +4 7
2.  Буркина Фасо 3 1 1 1 3 3 0 4
3.  Зелен ’Рт 3 1 1 1 2 2 0 4
4.  Етиопија 3 0 1 2 2 6 -4 1






Група Б[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група Б
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Сенегал 3 1 2 0 1 0 +1 5
2.  Гвинеја 3 1 1 1 2 2 0 4
3.  Малави 3 1 1 1 2 2 0 4
4.  Зимбабве 3 1 0 2 3 4 -1 3






Група Ц[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група Ц
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Мароко 3 2 1 0 5 2 +3 7
2.  Габон 3 1 2 0 4 3 +1 5
3.  Комори 3 1 0 2 3 5 -2 3
4.  Гана 3 0 1 2 3 5 -2 1






Група Д[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група Д
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Нигерија 3 3 0 0 6 1 +5 9
2.  Египет 3 2 0 1 2 1 +1 6
3.  Судан 3 0 1 2 1 4 -3 1
4.  Гвинеја-Бисао 3 0 1 2 0 3 -3 1






Група Е[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група Е
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Брег на Слоновата Коска 3 2 1 0 6 3 +3 7
2.  Екваторска Гвинеја 3 2 0 1 2 1 +1 6
3.  Сиера Леоне 3 0 2 1 2 3 -1 2
4.  Алжир 3 0 1 2 1 4 -3 1






Група Ф[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - група Ф
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Мали 3 2 1 0 4 1 +3 7
2.  Гамбија 3 2 1 0 3 1 +2 7
3.  Тунис 3 1 0 2 4 2 -2 3
4.  Мавританија 3 0 0 3 0 7 -7 0






Поредок на третопласираните екипи во групите[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации 2021 - Поредок на третопласираните екипи
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Зелен ’Рт 3 1 1 1 2 2 0 4
2.  Малави 3 1 1 1 2 2 0 4
3.  Тунис 3 1 0 2 4 2 -2 3
4.  Комори 3 1 0 2 3 5 -2 3
5.  Сиера Леоне 3 0 2 1 2 3 -1 2
6.  Судан 3 0 1 2 1 4 -3 1

Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

 
ОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
 
              
 
23 јануари – Лимбе
 
 
 Буркина Фасо (п)1 (7)
 
29 јануари – Гаруа
 
 Габон1 (6)
 
 Буркина Фасо1
 
23 јануари – Гаруа
 
 Тунис0
 
 Нигерија0
 
2 февруари – Дуала
 
 Тунис1
 
 Буркина Фасо1
 
25 јануари – Бафусам
 
 Сенегал3
 
 Сенегал2
 
30 јануари – Дуала
 
 Зелен ’Рт0
 
 Сенегал3
 
26 јануари – Лимбе
 
 Екваторска Гвинеја1
 
 Мали0 (5)
 
6 февруари – Јаунде (Олембе)
 
 Екваторска Гвинеја (п)0 (6)
 
 Сенегал0 (4)
 
24 јануари – Бафусам
 
 Египет0 (2)
 
 Гвинеја0
 
29 јануари – Дуала
 
 Гамбија1
 
 Гамбија0
 
24 јануари – Јаунде (Олембе)
 
 Камерун2
 
 Камерун2
 
3 февруари – Јаунде (Олембе)
 
 Комори1
 
 Камерун0 (1)
 
26 јануари – Дуала
 
 Египет (п)0 (3) Натпревар за 3. место
 
 Брег на Слоновата Коска0 (4)
 
30 јануари – Јаунде (Олембе)6 февруари – Јаунде (Ахиџо)
 
 Египет (п)0 (5)
 
 Египет (прод.)2 Буркина Фасо3 (3)
 
25 јануари – Јаунде (Ахиџо)
 
 Мароко1  Камерун (п)3 (5)
 
 Мароко2
 
 
 Малави1
 

Осминафинале[уреди | уреди извор]









Четвртфинале[уреди | уреди извор]





Полуфинале[уреди | уреди извор]



Натпревар за трето место[уреди | уреди извор]


Финале[уреди | уреди извор]


Победник[уреди | уреди извор]

Победник на Африканскиот куп на нации 2021
Flag of Senegal.svg
Сенегал
1. титула

Конечен пласман на првенството[уреди | уреди извор]

# Репрезентација
1  Сенегал
2  Египет
3  Камерун
4  Буркина Фасо
5  Мароко
6  Гамбија
7  Екваторска Гвинеја
8  Тунис
9  Нигерија
10  Брег на Слоновата Коска
11  Мали
12  Габон
13  Малави
14  Гвинеја
15  Зелен ’Рт
16  Комори
17  Зимбабве
18  Сиера Леоне
19  Гана
20  Судан
21  Алжир
22  Гвинеја-Бисао
23  Етиопија
24  Мавританија

Напомени[уреди | уреди извор]

  1. Натпреварот меѓу Мавританија и Гамбија првобитно требало да почне во 17:00 часот, но почетокот на натпреварот бил поместен за 17:45 поради технички проблеми до кои дошло за време на претходниот натпревар меѓу Тунис и Мали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cameroon to host 2019, Cote d'Ivoire for 2021, Guinea 2023“. CAF. 20 September 2014.
  2. 2,0 2,1 „CAF Executive Committee put infrastructures as one of the main priorities“. CAF. 31 March 2021. Посетено на 1 April 2021.
  3. „Statement from the Organising Committee of the Total African Cup of Nations Cameroon 2021“. CAF. 15 January 2020.
  4. „Decisions of CAF Executive Meeting – 30 June 2020“. CAF. 30 June 2020.
  5. „Senegal 0 Egypt 0 (4-2 on pens)“. BBC Sport. 6 February 2022. Посетено на 7 February 2022.
  6. 6,0 6,1 „Decisions made by the CAF Executive Committee, convened January 24th 2014“ (PDF). Cafonline.com. 26 January 2014.
  7. „Nations Cup: 2019, 2012 and shock 2023 hosts unveiled by Caf“. BBC Sport. 20 September 2014.
  8. „Cameroon stripped of hosting 2019 Africa Cup of Nations“. BBC. 30 November 2018.
  9. „CAN 2019 : le pays hôte sera connu le 9 janvier“. Le Monde (француски). 10 December 2018.
  10. Etchells, Daniel (2019-01-08). „Egypt named as hosts of 2019 Africa Cup of Nations“. www.insidethegames.biz.
  11. „COTE D'IVOIRE AGREES CAF TIMETABLE SHIFT“. CAF. 30 January 2019.
  12. „TotalEnergies AFCON Cameroon match officials announced“. Confederation of African Football. 21 December 2021.
  13. „CAF postpones TotalEnergies Africa Cup final draw, new date to be set soon“. CAF. 6 June 2021. Посетено на 7 June 2021.
  14. „CAN 2021 : Le tirage au sort prévu au 15 août prochain“. 21 July 2021. Посетено на 21 July 2021.
  15. Bongben, Leocadia (19 July 2017). „Cameroon government moves to ease 2019 AFCON fears“. BBC. Посетено на 26 July 2019.
  16. „The Six stadiums To Host Afcon 2021 Cameroon“. camer237.com. 25 July 2019. Посетено на 26 July 2019.
  17. Okeleji, Oluwashina (3 December 2018). „Football: Ready or not, here we come“. The Africa Report.com.
  18. „Regulations of the Africa Cup of Nations“ (PDF). Confederation of African Football.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]