Самуел Ето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самуел Ето
Samuel 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Самуел Ето Филс[1]
Роден на 10 март 1981 (1981-03-10) (37 г.)
Роден во Дуала, Камерун[2]
Висина 1.80 м (5 ст 11 ин)[3][4][5]
Позиција Напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Анталијаспор
Број 9
Младинска кариера
1992–1996 Каџи Спорт Академија
1996–1997 Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–2000 Реал Мадрид 3 (0)
1997–1998Легањес (позејмен) 30 (4)
1999Еспањол (позејмен) 0 (0)
2000Мајорка (позејмен) 19 (6)
2000–2004 Мајорка 120 (48)
2004–2009 Барселона 145 (108)
2009–2011 Интер 67 (33)
2011–2013 Анжи Махачкала 53 (25)
2013–2014 Челси 21 (9)
2014–2015 Евертон 14 (3)
2015 Сампдорија 18 (2)
2015–2018 Анталијаспор 76 (44)
2018– Конјаспор 0 (0)
Репрезентација
2000 Камерун 23 6 (1)
1997–2014 Камерун 118 (56[6])
Раководител на екипите
2015–2016 Анталијаспор
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 31 January 2016.
† Учества (Голови).

Самуел Ето (Англиски јазик:Samuel Eto'o) е камерунски фудбалер кој моментално настапува за турскиот клуб Анталијаспор. Тој е еден од најдобрите африкански фудбалери кој бил четири пати играч на годината во Африка, но и трет на листата на ФИФА за најдобар играч на годината во 2005 година. Тој бил избран како трет играч на светот во 2005 година.

Ето постигнал повеќе од 100 голови во пет сезони за Барселона, но исто така тој е рекордер по брајот на настапи во Ла лига, како африкански фудбалер.[7] Во 2010 година тој станал прв играч кој ја освоил тројната круна, две години по ред, со Барселона и Интер. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал два гола во две финалиња на Лигата на шампионите и четврти играч по Марсел Десаи, Пауло Соуса и Жерар Пике, кој ја освоил Лигата на шампионите две години по ред, со два различни тимови.[8]

Како член на камерунскиот национален фудбалски тим, Ето бил дел од тимот кој ги освоил Летните олимписки игри 2000 година, на Олимписки турнир во фудбал. Тој, исто така, учествувал на четири Светски првенства и на шест Африкански првенства на нации (два пати е шампион) и е водечки стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, со 18 гола. Тој е, исто така и водечки стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Камерун и трет по бројот на настапи.[6] , односно со 118 одиграни натпревари. На 27 август 2014 година објавил дека се пензионира од играњето во националниот тим. Во 2015 година, тој ја примил наградата Златна копачка.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]