Фудбалска репрезентација на Мароко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
 Мароко
Грб на фудбалскиот сојуз
Сојуз Фудбалски сојуз на Мароко
Конфедерација КАФ (Африка)
Селектор Франција Ерве Ренар
Капитен Меди Бенатија
Најмногу натпревари Абделмаџид Долми (140)
Најдобар стрелец Ахмед Фарас (42)
Домашен стадион Стад Адрар, Маракеш
ФИФА код MAR
ФИФА моментално рангирање 53 (11 август 2013)
ФИФА највисоко рангирање 10 (април 1998)
ФИФА најниско рангирање 95 (септември 2010)
Домашни бои
Гостински бои
резервни бои
Прв меѓународен натпревар
 Мароко 3–3  Ирак
(Либан; 19 октомври, 1957)
Најголема победа
 Мароко 13–1 Саудиска Арабија 
(Мароко; 6 септември 1961)
Најлош пораз
 Унгарија 6–0 Мароко 
(Јапонија; 11 октомври 1964)
Светско првенство
Учества 4 (прв пат во 1970)
Најдобар резултат осминафинале 1986
Африкански куп на нации
Учества 15 (Првпат во во 1972)
Најдобар резултат победници, 1976

Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).

Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.

Историја[уреди | уреди извор]

Поштенска марка од натпреварот на Мароко против Западна Германија од осминафиналето на Светското првенство 1986. На сликата се Румениге и Тимуми.

Географската близина на државата до Португалија и Шпанија и нејзината склоност кон шпанската култура се одразуваат и во фудбалот, со присуство на марокански таленти во иберскиот и луситанскиот шампионат.[1] Мароко за прв пат се пласирал на Светските првенства во 1970 во Мексико, каде биле елиминирни уште во првиот круг. Шест години подоцна, репрезентацијата се искачила на континенталниот трон триумфирајќи на Африканскиот куп на нации во Етиопија, освојувајќи го првото место во завршната група во која биле уште и Гвинеја, Нигерија и Египет.[2] Меѓу најистакнатите фудбалери на Мароко од овој период се издвојува Ахмед Фарас, играчот кој и ден-денес е водечки по бројот на постигнати голови за мароканската репрезентација.

Второто учество на Мароко на Светско првенство дошло повторно во Мексико каде што тие и дебитираа, меѓутоа сега во 1986 година. Тие на општо изненадување на сите успеале да го минат, првиот круг иако се нашле во група со три силни европски репрезентации како Португалија, Англија и Полска, меѓутоа нивниот пат завршил во осминафиналето каде биле поразени од Западна Германија со 1-0 со гол во завршницата од натпреварот.[3] Со самиот пласман во осминафиналето Мароко станал првата африканска и арапска земја која успеала да го мине првиот круг на Светските првенства.

Кон крајот на милениумот, Мароко учествувал уште на две последователни Светски првенства: најпрво во САД во 1994, а потоа и во Франција во 1998. На првенството играно во 1994 атласките тигри се нашле во група со Холандија, Саудиска Арабија и Белгија и испаднале уште во првиот круг, заземајќи го последното четврто место во групата без ниту еден освоен бод забележувајќи три минимални порази. Истата судбина - елиминација во првата фаза на натпреварување - ги снашла и четири години подоцна на првенството одржано во Франција во 1998, меѓутоа таму одиграле многу позначајна улога и само неколку минути ги делеле од пласман во осминафиналето откако во последното трето коло од групната фаза ја совладале Шкотска со убедливи 3-0 и им било потребно Бразил да не загуби од Норвешка; голот на Кјетил Рекдал од пенал во 88-мата минута од натпреварот им донесол победа на скандинавците со 2-1 и пласман понатаму заедно со Бразил, а Мароко и покрај освоените 4 бода (1-1-1) бил елиминран.[4] Во 2004 година, репрезентацијата играла во финалето на Африканскиот куп на нации каде била поразена од својот магребски ривал Тунис со 2-1.[5]

Мароко бил избран да биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2015, меѓутоа владата на Мароко побарала одложување на турнирот заради епидемијата од ебола во западна Африка. Откако случајот бил разгледуван на состанокот на Извршниот комитет, КАФ одлучил датумот за почеток на првенството да остане исти, по што Мароко се откажал од организацијата на турнирот. На 5 февруари 2015 година, Извршниот комитет на КАФ одлучил да ја суспендира Фудбалската репрезентација на Мароко од следните две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2019 година, и да му се додели на Фудбалскиот сојуз на Мароко парична казна од 1 милиони американски долари, заедно со сума од 8.05 милиони евра во надомест за сите материјални штети кој ги претрпел КАФ, заинтересираните страни и партнери, како резултат на одлуката да не се биде домаќин на изданието во 2015 година.[6] Сепак, забраната била поништена од страна на Арбитражниот суд за спорт, што значи дека Мароко може да учествува на овие турнири..[7]

Ривалства[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата има историско ривалство со останатите Магребски земји: Алжир, Тунис и Египет.[8]

Титули[уреди | уреди извор]

Победник (1): Gold medal africa.svg1976
Вицешампион (1): Silver medal africa.svg 2004
Трето место (1): Bronze medal africa.svg 1980
Шампиони (1): Gold medal icon.svg 2012

Настапи на турнирите[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства[уреди | уреди извор]

Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Фаза Мес. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
Уругвај 1930 Не учествувале Не учествувале
Италија1934
Франција1938
Бразил 1950
Швајцарија 1954
Шведска 1958
Чиле 1962 Не се квалификувале 7 2 2 3 7 8
Англија 1966 Се повлекле Се повлекле
Мексико 1970 Групна фаза 14. 3 0 1 2 2 6 10 4 4 2 11 7
Западна Германија 1974 Не се квалификувале 10 4 3 3 12 13
Аргентина 1978 2 0 2 0 2 2
Шпанија 1982 8 3 2 3 5 6
Мексико 1986 Осминафинале 11. 4 1 2 1 3 2 8 5 2 1 12 1
Италија 1990 Не се квалификувале 6 1 3 2 4 5
САД 1994 Групна фаза 23. 3 0 0 3 2 5 10 7 2 1 19 4
Франција 1998 Групна фаза 18. 3 1 1 1 5 5 6 5 1 0 14 2
Јужна Кореја Јапонија 2002 Не се квалификувале 10 6 3 1 11 3
Германија 2006 10 5 5 0 17 7
ЈАР 2010 10 3 3 4 14 13
Бразил 2014 6 2 3 1 9 8
Русија 2018 Се квалификувале 8 4 3 0 13 0
Катар 2022 To be determined
Вкупно Осминафинале 5/22 13 2 4 7 12 18 116 53 41 22 159 80

Настапи на Африканскиот куп на нации[уреди | уреди извор]

Африкански куп на нации Квалификации за Африканскиот куп на нации
Година Фаза Место ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
Судан 1957 Не учествувале Не учествувале
Обединети Арапски Емирати 1959
Етиопија 1962 Се повлекле Се повлекле
Гана 1963 Не се квалификувале 2 1 0 1 5 6
Тунис 1965 Не учествувале Не учествувале
Етиопија 1968
Судан 1970 Не се квалификувале 2 1 0 1 1 2
Камерун 1972 Групна фаза 5. 3 0 3 0 3 3 4 2 0 2 9 6
Египет 1974 Did not enter Did not enter
Етиопија 1976 Победници 1. 6 4 2 0 11 6 6 4 0 2 13 4
Гана 1978 Фаза по групи 6. 3 1 3 1 2 4 Се квалификувале како бранители на титулата
Нигерија 1980 Трето место 3. 5 2 1 2 4 3 4 2 1 1 14 5
Либија 1982 Не се квалификувале 4 3 0 1 8 4
Брег на Слоновата Коска 1984 4 1 2 1 4 2
Египет 1986 Четврто место 4. 5 1 2 2 4 5 2 1 1 0 1 0
Мароко 1988 Четврто место 4. 5 1 3 1 3 3 Се квалификувале како домаќин
Алжир 1990 Не се квалификувале 2 0 2 0 1 1
Сенегал 1992 Групна фаза 9. 2 0 1 1 1 2 6 4 0 2 11 4
Тунис 1994 Не се квалификувале 6 2 2 2 5 4
ЈАР 1996 4 1 1 2 2 4
Буркина Фасо 1998 Четвртфинале 6. 4 2 1 1 6 3 6 4 2 0 10 1
Гана Нигерија 2000 Групна фаза 11. 3 1 1 1 1 2 4 2 2 0 6 4
Мали 2002 Групна фаза 9. 3 1 1 1 3 4 6 3 1 2 5 4
Тунис 2004 Финале 2. 6 4 1 1 14 4 6 5 1 0 10 0
Египет 2006 Групна фаза 13. 3 0 2 1 0 1 10 5 5 0 17 7
Гана 2008 Групна фаза 11. 3 1 0 2 7 6 4 3 1 0 6 1
Ангола 2010 Не се квалификувале 10 3 3 4 14 13
Екваторска Гвинеја Габон 2012 Групна фаза 12. 3 1 0 2 4 5 6 3 2 1 8 2
ЈАР 2013 Групна фаза 10. 3 0 3 0 3 3 2 1 0 1 4 2
Екваторска Гвинеја 2015 Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале
Габон 2017 Четвртфинале 7. 4 2 0 2 4 3 6 5 1 0 10 1
Камерун 2019 To Be Determined
Брег на Слоновата Коска 2021
Гвинеја 2023
Вкупно 1 титула 15/30 57 19 22 16 66 54 106 56 27 23 164 77

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
Мунир Мохамеди 10 мај 1989 (1989-05-10) (29 г.) 10 0 Шпанија Нумансија
Јасин Боуну 5 април 1991 (1991-04-05) (27 г.) 6 0 Шпанија Џирона
Јасин Ел Каруби 29 март 1990 (1990-03-29) (28 г.) 1 0 Бугарија Локомотив Пловдив
Меди Бенатија 17 април 1987 (1987-04-17) (31 г.) 43 1 Италија Јувентус (Капитен)
Набил Дирар 25 февруари 1986 (1986-02-25) (32 г.) 19 2 Франција Монако
Ашраф Лазар 22 јануари 1992 (1992-01-22) (26 г.) 16 0 Англија Њукасл Јунајтед
Мануел Да Коста 6 мај 1986 (1986-05-06) (32 г.) 13 0 Грција Олимпијакос
Абделхамид Ел Каутари 17 март 1990 (1990-03-17) (28 г.) 13 0 Франција Бастија
Зухаир Федал 1 јануари 1989 (1989-01-01) (29 г.) 11 0 Шпанија Алавес
Фајсал Рерас 7 април 1993 (1993-04-07) (25 г.) 1 0 Шкотска Хартс
Кевин Малки 31 јули 1991 (1991-07-31) (27 г.) 0 0 Франција Сент-Етјен
Јунес Белханда 25 февруари 1990 (1990-02-25) (28 г.) 34 3 Франција Ница
Карим Ел Ахмади 27 јануари 1985 (1985-01-27) (33 г.) 34 1 Холандија Фејенорд
Омар Ел Кадури 21 август 1990 (1990-08-21) (28 г.) 22 5 Италија Наполи
Мунир Обади 4 април 1983 (1983-04-04) (35 г.) 20 0 Франција Лил
Мехди Карсела-Гонсалес 1 јули 1989 (1989-07-01) (29 г.) 11 0 Шпанија Гранада
Хаким Ејех 19 март 1993 (1993-03-19) (25 г.) 7 2 Холандија Ајакс
Ромен Саис 26 март 1990 (1990-03-26) (28 г.) 5 0 Англија Вулверхемптон Вондерерс
Фајсал Фајр 1 август 1988 (1988-08-01) (30 г.) 4 0 Шпанија Депортиво Ла Коруња
Софијан Буфал 17 септември 1993 (1993-09-17) (25 г.) 2 0 Англија Саутхемптон
Јусеф Аит Бенасер 7 јули 1996 (1996-07-07) (22 г.) 1 0 Франција Монако
Нордин Амрабат 31 март 1987 (1987-03-31) (31 г.) 30 4 Англија Вотфорд
Јасин Баму 9 ноември 1991 (1991-11-09) (27 г.) 4 1 Франција Нант
Јуфсеф Ен Несири 1 јули 1997 (1997-07-01) (21 г.) 1 0 Шпанија Малага
Рајан Ммае 1 април 1997 (1997-04-01) (21 г.) 1 0 Белгија Стандард Лиеж

Играчки рекорди[уреди | уреди извор]

Листа на играчи со најмногу настапи
# Играч Кариера Настапи Голови
1 Абделмаџид Долми 1971–1988 140 8
2 Алал Бенкасу 1964–1972 116 0
3 Нуредин Најбет 1990–2006 115 4
4 Хусин Харја 2003–2015 78 12
5 Ахмед Фарас 1965–1979 77 42
Јусеф Сафри 1993–2003 77 8

Листа на играчи со најмногу постигнати голови
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1 Ахмед Фарас 1965–1979 42 77 0.8
2 Салахедин Басир 1994–2002 27 59 0.6
3 Абделџалил Хада 1995–2002 19 48 0.43
4 Маруан Шамах 2003–2014 18 65 0.31
5 Јусеф Хаџи 2003–2012 16 64 0.27
6 Јусеф Ел-Араби 2010- 15 36 0.77
7 Хусин Харја 2003–2015 12 78 0.18

Селектори[уреди | уреди извор]

Source:[10]

Селектор
Име Држава Години како селектор Освоени трофеи
Ларби Бен Барек Мароко 1957
Мохамд Хамири Мароко 1959
Абделкадир Лохмири Мароко 1959
Ларби Бен Барек Мароко 1960
Кадер Фиру Франција 1961
Мохамед Масун Мароко 1961–1963
Мохаме Масун & Абдерахман Маџуб Мароко 1963–1967
Абдерахман Маџуб Мароко 1967
Ги Клозо & Абделах Сетати Франција, Мароко 1968–1969
Абделах Сетати Мароко 1969
Благоја Видиниќ Југославија 1970
Хозе Баринга Шпанија 1971–1972
Абделах Сетати Мароко 1972
Абдерахман Маџуб Мароко 1972–1973
Виргил Мардареску Романија 1974–1978 Африкански куп на нации 1976
Абделах Ел-Амари Мароко 1978
Ги Клозо Франција 1979
Жист Фонтејн Франција 1979–1980
Џебран & Јабрам Хамидуш Мароко 1980
Јабрам Хамидуш Мароко 1981
Абделах Ел-Амари Мароко 1982
Хаиме Валенте Бразил 1983
Мехди Фарија Бразил 1983–1988
Хаиме Валенте Бразил 1988–1989
Антонио Валентин Аргентина 1989–1990
Абделах Блинда Мароко 1990
Абделгани Ел-Насири Мароко 1990
Вернер Олк Германија 1990–1992
Абделхалек Лузани Мароко 1992
Абделах Блинда Мароко 1993–1994
Мохамед Лемари Мароко 1994
Жилсон Нуњеш Бразил 1995
Анри Мишел Франција 1995–2000
Хенрик Касперчак Полска 2000
Мустафа Мадих (caretaker) Мароко 2000
Умберто Коелјо Португалија 2000–2002
Баду Езаки Мароко 2002–2005
Филип Трусије Франција 2005
Мохамед Факир Мароко 2006–2007
Анри Мичел Франција 2007–2008
Фати Џемал Мароко 2008
Роже Лемер Франција 2008–2009
Хасан Мумен (caretaker) Мароко 2009–2010
Ерик Геретс Белгија 2010–2012 2012 Arab Nations Cup
Рашид Таузи Мароко 2012–2013
Хасан Бенабича (caretaker) Мароко 2013-2014
Баду Езаки[11] Мароко 2014–2015
Ерве Ренар[12] Франција 2016–present

Дресови и произведувачи на опрема[уреди | уреди извор]

Дресови[уреди | уреди извор]

Principaux maillots utilisés par l'équipe du Maroc
Домашен историски дрес
Домашен 2010-2011
Гостински 2010-2011
Домашен 2011-2012
Гостински 2011-2012
Домашен 2012-2013
Гостински 2012-2013

Произведувачи на опрема[уреди | уреди извор]

Произведувач на опрема Период
Adidas Logo.svg
Adidas
1982-1993
Lotto logo.jpeg
Lotto
1994-1995
Umbro logo13.png
Umbro
1995
Lotto logo.jpeg
Lotto
1995-1997
Puma AG.png
Puma
1998–2001
Logo NIKE.svg
Nike
2002–2006
Puma AG.png
Puma
2007–2011
Adidas Logo.svg
Adidas
2012–present

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]