Nike, Inc.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Nike, Inc.
Тип Јавна компанија
Oснована 1964 (како Blue Ribbon Sports)[1]
Седиште Вашингтон (округ), Орегон, САД
(близу Бивертон, Орегон)
Опслужувано
подрачје
Ширум светот
Клучни личности Филип Најт
(Претседател)
Марк Паркер
(Претседател и Извршен директор)
Дејност Облека и спортска опрема
Производи Спортски патики
спортска гардероба
спортска опрема
спортски додатоци
Приходи US$ 19.014 billion (FY 2010)[2]
Тековен
приход
US$ 2.517 милијарди (FY 2010)[2]
Нето приход US$ 1.907 милијарди (FY 2010)[2]
Вработени 34,400 (мај 2010)[2]
Портал Nike.com

Nike, Inc. (play /ˈnk/; NYSENKE) е еден од главните снабдувачи на спортска облека и спортска опрема кој тргува јавно,и е со седиште во САД. Седиштето на компанијата е во близина на Бевертон, Орегон, кој е дел од метрополитенската област во Портланд. Тој е светски водечки снабдувач на спортски чевли и облека и главен производител на спортска опрема со приходи во износ поголем од 18.6 милијарди американски долари во 2008та фискална година (со крај на 31 мај 2008). Почнувајќи од 2008 година, Најк има повеќе од 30.000 вработени ширум светот. Најк и компанијата Прешн Кестпартс (Precision Castparts) се единствените компании со седиште во државата Орегон,кои се наогаат на листата Форџн 500 (Fortune 500) на списанието Форчн (Fortune) во согласност со списанието Орегониан (Oregonian).[3]

Компанијата е основана во јануари 1964, како Блу Рибон Спортс (Blue Ribbon Sports) од Бил Боверман и Филип Најт, а официјално стана "Најк" во 1978 година. Компанијата го носи името Најк (грчки Νίκη се изговара [ni ː kɛ ː]), по грчката божица на победата. Најк ги продава своите производи под сопствениот бренд, како и Најк голф (Nike Golf), Најк Про (Nike Pro), Најк + (Nike +), Ер Џордан (Air Jordan), Најк Скејтбординг (Nike Skateboarding) и како и придружните марки, вклучувајќи ги Кол Хаан (Cole Haan), Харли Интернешнал (Hurley International), Умбро (Umbro) и Конверс (Converse). Нajk исто така беше сопственик на Бауер Хокеј (Bauer Hockey),(подоцна преименувана во Најк Бауер) помеѓу 1995 и 2008 година. Покрај производството на спортска облека и опрема, компанијата раководи со продавници за малопродажба под името Најктаун (Niketown). Најк спонзорира многу врвни спортисти и спортски екипи од целиот свет, со високо признаените трговски марки ‘Само направи го’ ("Just do it") и Swoosh логото.

Потекло и историја[уреди | уреди извор]

Компанијата "Најк", koja првично беше позната под името Блу Рибон Спортс (Blue Ribbon Sports), беше основана од страна на атлетичарот Филип Најт, и неговиот тренер Бил Боверман, во јануари 1964 година. Компанијата првично функционираше како дистрибутер на јапонскиот производител на чевли Оницука Тајгер (Onitsuka Tiger) (сега ASICS), остварувајќи најголема продажба на атлетичарски собири.

Профитот на компанијата се зголеми брзо, и во 1966 година,БРС (BRS) ја отвори својата прва продавница на мало, лоцирана на булеварот Пико во Санта Моника, Калифорнија. Во 1971 година, соработката помеѓу БРС (BRS) и Оницука Тајгер (Onitsuka Tiger) се ближеше кон крајот. БРС (BRS) беше подготвен да ја лансира својата сопствена линија на обувки, која ќе го носи новото дизајнирано лого Ѕwoosh од Каролин Давидсон. Логото Ѕwoosh беше прв пат употребено од страна на Најк во јуни 1971 година, и беше регистрирано во американската Канцеларија за патенти и трговски марки на 22 јануари, 1974 година.

Првиот чевел за продажба во јавност кој го имал овој дизајн се фудбалските патики по име Најк, кои излегоа во продажба во текот на летото на 1971 година. Во февруари 1972 година, БРС (BRS) ја престави својата прва линија на Најк патики, со името Најк кое потекнува од името на грчката божица на победата. Во 1978 година, БРС (BRS), официјално се преименува во Најк. Или Настасе, е првиот професионален спортист кој потпиша договор со БРС (BRS) / Најк.Како одминуваше времето спонзорирањето на спортистите стана клучна маркетинг алатка за брзо растечката компанија.

Првиот производ на компанијата кој сами го дизајнирале е базиран на "вафли" дизајнот на Боверман. Откако универзитетот во Орегон, повторно ја пушти во употреба патеката во Хајвард Филд (Hayward Field),Боверман почна да експериментира со различни потенцијални ѓонови кои поефикасно ќе се лепат за новата патека од уретан. Неговите напори се исплатеа едно неделно утро, кога тој истури течен уретан врз тостерот за вафли на неговата сопруга. Боверман ја разви и ја обнови така наречената "вафла" подлога која што се среќава во сега веќе добро познатите патки по име Вафл Треинер (Waffle Trainer) од 1974 година.

До 1980 година, Најк го достигна уделот од 50 % на пазарот во САД за спортски чевли, и компанијата се престави во јавноста во декември истата година. Нејзиниот раст се должи во голема мера на рекламирањето преку принтови “word-of-fooot” (цитат од рекламен принт на Најк од доцните 1970-ти), наместо преку телевизиските реклами. Првата национална телевизиска реклама на Најк излезе во октомври 1982 за време на емитувањето на Њујоршкиот маратон. Рекламите беа направени од рекламната агенција Виден + Кенеди (Wieden + Kennedy),со седиште во Портланд која беше формирана неколку месеци претходно, во април 1982 година.

Заедно, Најк и Виден + Кенеди (Wieden + Kennedy) направија многу рекламни принтови и телевизиски реклами а агенцијата продолжува и ден денес да соработува со Најк. Токму ко-основачот на агенцијата Ден Виден го измисли сега веќе познатиот слоган "Just do it" за една рекламна кампања на Најк од 1988, која беше избрана од страна на Адвертајзинг Ејџ (Advertising Age) како еден од петте најдобри рекламни слогани на 20-тиот век, и кампањата е зачувана во Смитсониан Институшн (Smithsonian Institution). Волт Стак од Сан Франциско беше дел од првата " Just do it" реклама на Најк која дебитираше на 1 јули 1988 година. Виден вели дека инспирацијата за мотото ја добил од последните зборови на Гери Гилмор "Let’s do it ", пред да биде убиен.

Во текот на 1980 година, Најк ја прошири својата линија на производство вклучувајќи многу други спортови и региони низ целиот свет.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од ноември 2008 година, Најк поседува четири клучни придружни компании: Кол Хаан (Cole Haan), Харли Интернешнал (Hurley International), Конверс (Converse Inc) и Умбро (Umbro). Првото достигнување на Најк беше здобивањето со елитната компанија за обувки Кол Хаан (Cole Haan) во 1988 година. Во февруари 2002 година, Најк ја купи компанијата за облека за сурфање Харли Интернешнал (Hurley International) од основачот Боб Харли. Во јули 2003 година, Најк плати 305 милиони американски долари за да се здобие со Конверс (Converse Inc), креаторите на легендарниот модел на патики Чак Тејлор Ол Старс (Chuck Taylor All Stars). На 3 март 2008 година, Нaјк се стекна со снабдувачот на спортска облека Умбро (Umbro), познат како производител на колекции за опремата на Англискиот национален фудбалски тим, во договор во вредност од 285 милиони фунти (околу 600 милиони американски долари). Други придружни компании претходно во сопственост на Најк, а потоа продадени од нивна страна се Бауер Хокеј (Bauer Hockey )и Стартер (Starter).

Производи[уреди | уреди извор]

Најк произведува широк спектар на спортска опрема. Нивен прв производ беа атлетските патики. Тие во моментов, исто така, произведуваат и патики, дресови, шорцеви, дуксери итн. за широк опсег на спортови, вклучувајќи атлетика, бејзбол, хокеј на мраз, тенис, фудбал, лакрос, кошарка и крикет. Најк Еар Макс (Nike Air Max) е линија на патики на "Најк", за прв пат изададена во 1987 година. Најновите дополнувања на нивната линија се Nike 6.0,Nike NYX и Nike SB патиките, наменети за скејтбординг. Најк неодамна претстави патики за крикет, познати како Еар Зум Јоркер ( "Air Zoom Yorker”),дизајнирани со цел да бидат 30% полесени од оние на нивните конкуренти". Во 2008 година, Најк ги воведе кошаркарските патики со високи перформанси Еар Џордан ХХ3 (Air Jordan XX3), дизајнирани според животната средина.

Air Jordan патики


Најк продава широк асортиман на производи, вклучувајќи патики и облека за спортски активности како фудбал, кошарка, трчање, борбени спортови, тенис, американски фудбал, атлетика, голф, крос за мажи, жени и деца. Најк, исто така, продава патики за надворешни активности, како што се тенис, голф, скејтбординг, фудбал, бејзбол, американски фудбал, возење велосипед, одбојка, борење, навивање, водни активности, авто трки и за други спортски и рекреативни намени. Најк е добро позната и популарна марка во младинската култура, ‘сhav’ културата и хип хоп културата како снабдувач со урбана модерна облека. Најк неодамна се здружи со Епл (Apple Inc.) за производството на Најк + производот кој што ја следи изведбата на тркачот преку радио уредот во чевелот кој е поврзан со Ај од нано (iPod nano). Додека производот генерира корисни статистики, тој беше критикуван од страна на истражувачите, кои успеаа да ги идентификуваат RFID уредите на корисниците од далечина од 18 метри користејки мали, дискретни процесори со сензор за безжична мрежа.

Во 2004 година, тие започнаа со SPARQ Програмата за обука .

Некои од најновите Најк патики содржат Флајвајр (FlyWire) и лунарлит (Lunarlite) пена. Ова се материјали кои се користат за да се намали тежината на многу видови на патики.

2010 Најк Про Комбат (2010 Nike Pro Combat) колекцијата на дресови ќе ја носат тимовите од Мајами, Алабама, Боис Стејт, Флорида, Охајо, Орегон Стејт, TКУ, Вирџинија Тех, Западна Вирџинија и Питсбург. Тимовите ќе ги носат овие дресови во клучните натпревари, како и во секое време кога атлетскиот оддел ќе го смета тоа за неопходно.

Седиште[уреди | уреди извор]

Светското седиште на Најк се наоѓа во околина на градот Бевертон, но во рамките на округот на Вашингтон. Градот се обидел на сила да се спои со седиштето на Најк, што доведе до тужба од страна на Најк, како и лобирање од страна на компанијата што на крајот заврши во Сенатот на Орегон со тужба 887 во 2005 година. Според условите во тужбата,на Бевертон му е особено забрането присилно присоединување со земјата, која Најк и компанијата Колумбија Спортсвеар (Columbia Sportswear) ја заземаат во округот на Вашингтон за 35 години, додека Електро Су=иентифик Индустрис (Electro Scientific Industries) и Тектроникс (Tektronix) ја добија истата заштита за 30 години.

Производство[уреди | уреди извор]

Најк има склучено договор со повеќе од 700 продавници низ целиот свет и има канцеларии лоцирани во 45 земји надвор од САД. Најголемиот број на фабрики се наоѓаат во Азија, вклучувајќи ги Индонезија, Кина, Тајван, Индија, Тајланд, Виетнам, Пакистан, Филипини, и Малезија. Компанијата Најк е колеблива за откривање на информации за договорните компании со кои работи. Но, поради остри критики од некои организации како Корпвач (CorpWatch), Најк откри информации за фабриките со кои има договор во нивниот Извештај за корпоративно управување.

Грижа за Човекови права[уреди | уреди извор]

Најк беше критикуван за склучување договори со фабрики во земји како Кина, Виетнам, Индонезија и Мексико.Активистичката група Виетнам Лејбор Вач (Vietnam Labour Watch), има документирано дека фабриките со кои има договор Најк ги прекршиле законите за минимална плата и прекувремено работење во Виетнам дури од 1996, иако Најк тврди дека оваа практика е укината. Компанијата беше предмет на многу критики поради често лошите работни услови и експлоатацијата на евтината странска работна сила во слободните трговски зони, каде што нивните производи обично се произведуваат. Изворите за оваа критика ги вклучуваат книгата на Наоми Клајн Без Лого (No Logo]) и документарците на Мајкл Мур.

Најк беше критикуван и за реклами, кои се однесуваат на еманципирањето на жените во САД, додека во пракса во фабриките од Источна Азија ангажираат жени кои не се така еманципирани. Во текот на 1990-тите, Најк се соочува со критики за користење на детскиот труд во Камбоџа и Пакистан во фабриките кои тие ги најмиле за да изработуваат фудбалски топки. Иако Најк презеде мерки за спречување или барем за намалување на користењето на детскиот труд, тие продолжуваат да им го доверуваат своето производство на компании кои работат во области во кои несоодветното регулирање и следење ја отежнуваат сигурноста дека таму не се злоупотребува детскиот труд.

Во 2001 година еден документарец на БиБиСи откри појави на користење на детскиот труд и лошите работни услови во една фабрика од Камбоџа која работи за Најк. Во документарниот филм, шест девојчиња беа во фокусот, од кои сите работеле седум дена во неделата, најчесто 16 часа на ден.

Многу кампањи биле преземени од страна на многу колеџи и универзитети, посебно анти-глобализациски групи, како и неколку групи за анти-есплоататорски претпријатија како што се Обединетите Студентите против експлоататорските претпријатија (United Students Against Sweatshops). И покрај овие кампањи, сепак, годишнитe приходи на Најк се зголемија од 6.4 милијарди американски долари во 1996 година на речиси 17 милијарди американски долари во 2007 година, според годишниот извештај на компанијата.

Една истрага во јули 2008 од страна на австралискиот канал 7 за вести пронајде голем број на случаи на принудна работа во една од најголемите текстилни фабрики на Најк. Фабриката која се наоѓа во Малезија беше снимена од страна на една екипа на тајна задача кои наидоа на бедни услови за живеење и принудна работа. Најк оттогаш изјави дека тие ќе преземат корективни мерки за да се осигураат дека континуираната злоупотреба нема повторно да се случи.

Најк исто така, предизвика контроверзност во текот на олимписки игри во Пекинг, Кина,во 2008 година кога нивниот спонзориран кинески спортист, Лиу Ксијанг, се повлече од олимписките 110 метри со пречки, заминувајќи си од патеката по еден лажен старт од страна на друг натпреварувач. Луи тврдеше дека тој се повлекол поради повреда на глуждот. Сепак, анонимна порака беше објавена на интернет, наводно, од извор близок до "Најк", тврдејќи дека корпорацијата го принудила Лиу да се повлече поради тоа што тој многу малку веројатно тој би победил, со што би го оцрнил нивниот имиџ. Најк одговорија, најавувајќи дека "ние веднаш ги прашавме релевантните [кинески] владини институции да истражат кои се оние кои ги започнаа гласините".


Извештај за животната средина[уреди | уреди извор]

Постојано растечката текстилната индустрија често има негативно влијание на животната средина. Бидејќи Најк е голем учесник во ова производство, голем број од нивните процеси негативно придонесуваат за животната средина. Еден од начините преку кои растечката текстилната индустрија влијае на животната средина е преку зголемувањето на дефицитот на вода, климатските промени, загадувањето, како и употребата на фосилни горива и суровина. Во прилог на ова,денешните електронски текстилни погони трошат значителни количини на енергија, додека исто така создаваат таков начин на размислување за побрзо фрлање поради трендовите засновани на брзата мода и евтината облека.

Иако овие ефекти во комбинација може негативно да влијаат врз средината, Најк се обидува да го намали нивното влијание со различни проекти. Според една еколошката организација од Англија "Clean Air-Cool Planet", Најк е рангирана меѓу првите 3 фирми (од 56) на анкетата спроведена за еколошки компании. Најк исто така беше пофален за својата Најк Гринд (Nike Grind) програма (која го затвора животниот циклус на производот) од страна на групи како Климата има важност (Climate Counts). Во прилог на ова, на една кампања која Најк ja започна на Денот на планетата Земја во 2008 година беше една реклама во која настапува Стив Неш носејќи ги патиките Треш Ток (Trash Talk) на Најк , се работи за птики кои биле создадени во Февруари 2008 од отпад од парчиња кожа и синтетичка кожа што доаѓа од подот на фабриката. Патиките Треш Ток (Trash Talk) , исто така се опремени со висок гумен ѓон од една програма за рециклирање на чевли. Најк тврди дека ова се единствените кошаркарски патики што се направени од производствен отпад, но тие имаат произведено само 5.000 пара за продажба.

Друг проект кој Најк го почна се вика Reuse-А-shoes Најк програма. Оваа програма, која започна во 1993 година, е најдолготрајната програма на Најк од која имаат корист и животната средина и заедницата со собирање на стари спортски чевли од било кој вид со цел да се процесираат и рециклираат. Материјалот кој е направен од рециклирани чевли потоа се користи за да помогне во создавањето спортски површини, како кошаркарски игралишта, патеки за трчање, како и игралишта.

Еден проект преку UNC најде изложеност на работниците на токсични изоцијанати и други хемикалии во фабриките за обувки во Тајланд.Покрај вдишувањето, кожената изложеност беше најголемиот проблем кој беше пронајден. Ова би можело да резултира со алергиски реакции, како и астматични реакции.

Маркетинг стратегија[уреди | уреди извор]

Маркетинг стратегијата на Најк е важна компонента во успехот на компанијата. Најк е се смета за првокласна марка, која продава добро дизајнирани и скапи производи. Најк ги мами потрошувачите со маркетинг стратегијата која се фокусира на имиџот на марката кој се постигнува со карактеристичното лого и слоганот на рекламата: "Just do it " Најк ги промовира своите производи преку спонзорски договори со славни спортисти, професионални тимови и спортски тимови од колеџи. Сепак, маркетинг миксот на Најк содржи многу елементи покрај промоцијата. Овие се сумирани подолу.

Рекламирање[уреди | уреди извор]

Во 1982 година, Најк ги емитуваше првите национални телевизиски реклами, создадени од новоформираната рекламна агенција Виден + Кенеди (Wieden + Kennedy), за време на Њујоршкиот маратон. Ова беше почеток на една успешна соработка помеѓу Најк и В + K која останува непрекината и денес. Канскиот фестивал за Рекламирање го прогласи Најк за Рекламирач на годината во две одделни пригоди,што ја прави прва и единствена компанија која ја добила таа чест два пати (1994, 2003).

Најк исто така заработи Еми награда за најдобра реклама, двапати од првото креирање на наградата во 1990-тите. Првaтa беше заУтрото Потоа ( "The Morning After") сатиричен поглед на она со што тркачот може да се соочи на утрото на 1 јануари 2000 година ако кобните предвидување за Y2K се остварат.Втората Еми награда за Најк беше за рекламниот спот од 2002 година кој се вика Движење ("Move "), во кој се вклучени повеќе познати и секојдневни спортисти во тек на атлетски освојувања.

Во прилог на овие награди, рекламирањето на Најк имаше добар удел на контроверзии:

Песна на Битлси[уреди | уреди извор]

Најк беше во фокусот на критиките за неговата употреба на песната на "Битлси" "Revolution” (Револуција) во 1987, реклама која беше наспроти желбите на Епл Рекордс ("Apple Records”), издавачката куќа на Битлси. Најк им плати 250.000 американски долари на Капитол Рекордс (Capitol Records), кои ги имаа северно американските права за лиценцирање на снимките на "Битлси ", и за правото на користење на" Битлси " препевот за една година.

Епл Рекордс ги тужеше Најк, Капитол ртекордс ,Еми Рекордс и Виден+Кенеди рекламната агенција за 15 милиони долари. Капитол и Еми се спротивставиле, велејќи дека тужбата е" неоснована ", бидејќи Капитол ја имаше лиценцирано употребата на песната " Revolution " (Револуција) со активна поддршка и охрабрување од Јоко Оно Ленон, акционер и директор на Епл Рекордс.

Според една статија во Лос Анџелес Дејли Њус (Los Angeles Daily News) од 9 ноември 1989 "се случиле неколку тужби помеѓу Битлси и нивните американски и британски издавачки компании." Еднен услов на вон-судската спогодба беше дека условите во договорот ќе се чуваат во тајност. Спогодбата беше постигната меѓу трите страни кои се вклучени: Џорџ Харисон, Пол Макартни, Ринго Стар, Јоко Оно, и Епл, ЕМИ и Капитол рекордс ". Портпаролот на Јоко Оно истакна: "Тоа е толку збунувачки, огромен број на прашања кои дури и луѓето кои биле во близина на директорите имаат потешкотии за да ја разберат целата работа. Правниците од двете страни на Атлантикот најверојатно ги ставиле своите деца во колеџ за ова."

Најк прекина со емитувањето реклами со песната "Револуција" (Revolution) во март 1988 година. Јоко Оно подоцна му даде дозвола на Најк за користење на песната на Џон Ленон "Инстант карма" во некоја друга реклама.

Реклами со мала закана[уреди | уреди извор]

На крајот од јуни 2005 година, Најк доби критики од страна на Иан Меккај, сопственикот на Дискорд Рекордс (Dischord Records), гитарист/ вокалист на Фугаци и Д Еванс (Fugazi & The Evans), и фронтмен на непостоечкиот панк бенд Мајнор Трет (Minor Threat) за присвојување слики и текст од каверот на истоимениот албум на Мајнор Трет (Minor Threat) од 1981 година за флаер за промовирање на Најк Скејтбординг демо турнејата на источниот брег. На 27 јуни, веб страната на Најк Скејтбординг објави извинување до Дискорд Рекордс, Мајнор Трет, и фановите на двете страни и изјави дека тие се обиделе да ги избришат и отстранат сите флаери. Тие тврдат дека луѓето кои ги дизајнирале тие флаери биле и самите скејтери и обожаватели на Мајнор Трет кои ја создале рекламата од почит и благодарност кон бендот. Спорот помеѓу Најк и Мајнор Трет на крајот беше решен надвор од судот. Точните детали за спогодбата никогаш не биле обелоденети.


Кинеско-тематска реклама[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, во една рекламата на ЛеБрон Џејмс каде тој тепа боречки мајстори од цртани филмови и убива еден кинески змеј со боречки вештини ги навреди кинеските власти, кои ја нарекоа рекламата богохулна и навредлива за националното достоинство и за змејот. Рекламата подоцна беше забранета во Кина. Во почетокот на 2007 година рекламата беше повторно вратена во Кина поради непознати причини.

Спонзорства[уреди | уреди извор]

Најк плаќа врвни спортисти во многу различни спортови за да ги користат нивните производи и за промовирање / рекламирање на нивната технологија и дизајн.

Првиот професионален спортист спонзориран од Најк беше романскиот тенисер Илие Настасе, а првиот спонзориран атлетичар од компанијата беше тркачката легенда Стив Префонтен. Префонтен беше наградениот ученик на ко-основачот на компанијата Бил Боверман, додека тој беше тренер на Универзитетот во Орегон. Денес, зградата Стив Префонтен, е именувана во негова чест во корпоративното седиште на Најк.

Покрај Префонтен, Најк има спонзорирано многу други успешни атлетичари во текот на годините, како што се Карл Луис, Џеки Џојнер Керси и Себастијан Коу. Сепак, потпишувањето со кошаркарот Мајкл Џордан во 1984 година, со неговата последователна промоција на Најк во текот на неговата легендарна кариера со Спајк Ли како Марс Блекмон, се покажа како еден од најголемите зголемувачи на публицитетот и продажбата на Најк.

Особено, во текот на изминатите 20 години, Најк, е еден од главните спонзори на облека и патики за водечките тенисери. Некои од поуспешните тенисери во моментов или порано спонзорирани од Најк се: Џејмс Блејк, Џим Куриер, Роже Федерер, Лејтон Хјуит, Хуан Мартин дел Потро, Андре Агаси, Рафаел Надал, Пит Сампрас, Мерион Бартоли, Линдзи Девенпорт, Даниела Хантукова, Мери Пирс, Марија Шарапова, Серена Вилијамс.

Рафаел Надал е моментално спонзориран од страна на Најк


Најк е исто така официјален спонзор за опрема на индискиот крикет тим за време од 5 години, од 2006 година до крајот на 2010 година. Најк ги победи Адидас и Пума нудејќи највисока сума (43 милиони американски долари вкупно).

Најк, исто така,е спонзор и на некои од водечките клубови во светскиот фудбал, како што се репрезентација на Бразил, репрезентацијата на Португалија, холандиската репрезентација, американскиот национален тим, репрезентацијата на Малезија, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Барселона, Интер, Јувентус, Шахтјор, Порто, Стеауа, Црвена Ѕвезда, Бока Јуниорс, Коринтијанс, Клуб Америка, Астон Вила, Селтик, ПСВ Ајндховен и Агила. Најк, исто така, ќе го спонзорира и клубот Данди Јунајтед од летото 2009 година.

Најк е спонзор на неколку врвни светски голф играчи, вклучувајќи ги и голферите Тајгер Вудс, Тревор Имелман и Пол Кејси.

Најк, исто така, е спонзор на разни помали настани, вклучувајќи ги Hop It Up (кошаркарски натпревар во средно училиште) и The Golden West Invitational (атлетски натпревар во средно училиште). Најк користи веб сајтови како промотивно средство за покривање на овие настани. Најк, исто така, има неколку сајтови за индивидуалните спортови, вклучувајќи ги nikebasketball.com, nikefootball.com, и nikerunning.com.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nikebiz : Company Overview : History : 1960s, Nike, Inc., Retrieved on August 12, 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „2010 Form 10-K, Nike, Inc.“. United States Securities and Exchange Commission. http://www.sec.gov/Archives/edgar/data/320187/000119312510161874/d10k.htm. 
  3. Sage, Alexandria. „Nike profit up but shares tumble on U.S. concerns“, 26 јуни 2008 (конс. 10 јули 2008 г).