31 март
Изглед
Предлошка:Март 2025 31 март — 90-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (91-и во престапна година). Остануваат 275 денови до крајот на годината.
Настани:

| 1492 | Кралицата Изабела I Кастиљска го издала Указот од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети. |
| 1889 | Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел. |
| 1918 | Летното сметање на времето за првпат се применува во САД. |
| 1931 | Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе. |
| 1951 | Првиот комерцијален сметач „УНИВАК-I“ е испорачан во Бирото за попис на САД. |
| 1979 | Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата. |
Родени:

| 1499 | Пиј IV — римски папа. |
| 1519 | Анри II — крал на Франција. |
| 1596 | Рене Декарт — француски филозоф, математичар и физичар. |
| 1675 | Бенедикт XIV — римски папа. |
| 1685 | Јохан Себастијан Бах — германски композитор. |
| 1732 | Франц Јозеф Хајдн — австриски композитор. |
| 1809 | Николај Гогољ — руски писател, хуморист и сатиричар. |
| 1850 | Чарлс Волкот — американски палеонтолог. |
| 1876 | Борисав Станковиќ — српски писател. |
| 1882 | Корнеј Чуковски — руски и советски писател. |
| 1914 | Октавио Паз — мексикански писател. |
| 1933 | Никита Станеску — романски поет и есеист. |
| 1934 | Ричард Чемберлен — американски глумец. |
| 1955 | Ангус Јанг — австралиски рок-музичар член на групата АЦ/ДЦ. |
| 1966 | Роџер Блек — британски атлетичар. |
| 1971 | Мартин Аткинсон — англиски фудбалски судија. |
| 1981 | Никола Карчев — македонски фудбалер. |
| 1986 | Егоиц Гарсија — шпански велосипедист. |
| 1999 | Едон Жегрова — косовски фудбалер. |
Починале:

| 1340 | Иван I — московски и владимирско-суздаљски кнез. |
| 1461 | Јона Московски — руски светец. |
| 1837 | Џон Констабл — британски пределен сликар и инспирација за импресионистите. |
| 1877 | Антоан Огистен Курно — француски филозоф и математичар. |
| 1980 | Џеси Овенс — американски атлетичар. |
| 1980 | Владимир Холан — чешки поет. |
| 2016 | Имре Кертес — еврејско-унгарски писател. |
| 2019 | Нипси Хасл — американски рапер. |