Прејди на содржината

Јозеф Хајдн

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Франц Јозеф Хајдн)
Портрет од Томас Харди, 1792

Франц Јозеф Хајдн (гер. Franz Joseph Haydn; 31 март 1732Виена, 31 мај 1809) — австриски композитор. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање.

Роден е во австриското село Рорау, а љубовта кон музиката ја наследил од своите родители.

Детството и младоста ги поминал во голема сиромаштија. Повеќе од 30 години работел и живеел во Виена кај унгарскиот кнез Естерхази. Двапати престојувал во Англија каде што ги напишал своите најзрели творби, со кои се прославил низ целиот свет. Неговата музика се одликува со животна радост и ведрина.

Во своето творештво користел германски, француски и унгарски фолклор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Хајдн се родил во 1732 год. во местото Рорау - австриско село на тромеѓето помеѓу Австрија–Унгарија-Хрватска. Токму поради фактот што во тој дел од Австрија има бројно хрватско население, а и поради тоа што во делата на Хајдн се среќаваат хрватски народни напеви, хрватскиот музиколог Фрањо Кухол кон крајот на 19 век го изнесува фактот дека Хајдн потекнува од Хрватска. Меѓутоа подоцнежните испитувања утврдиле дека сепак тој е од Австрија, иако хрватскиот фолклор има огромно влијание врз неговато творештво. Уште како дете Хајдн ги добил првите инструкции по свирење на чембало, виолина и пеење.Во 1740 год. оди во Виена, каде пристапува кон детскиот хор на школата „Св.Стефан“. Во 17 г. поради мутирање на гласот тој излегува од хорот и се снаоѓа на свој начин во музичкиот живот на Виена. Настапува во разни хорови, свири во оркестри и започнува да пишува пократки творби, менуети и свадбени маршеви. Во тоа време пристапува кон приватната школа на италијанскиот композитор Никола Порпора, каде што Хајдн многу научил од композиторската техника. Тогаш тој стапува во служба на кнезот Паул Естерхази - унгарски аристократ на чиј двор ќе работи повеќе од 30 г. Таму настануваат бројни дела меѓу кои: околу 60 симфонии, 40 гудачки квартети, 30 клавирски сонати итн. Обврските на Хајдн во дворот биле строго зацртени со утврдениот договор на кнезот и композиторот. Тој морал да внимава на уредноста и дисциплината на сите членови на оркестарот, како и на пејачите, да ги решава сите спорови меѓу нив, да биде одговорен за инструментите, потоа да компонира по желба на кнезот и да дава часови по музика, како и да ги подготвува сите музички приредби на дворот, а тие биле многубројни, бидејќи секоја недела таму се прикажувале по 2 опери и 2 концерта, како и посебни приредби во чест на високите гости во дворот. Таму Хајдн ја поминал својата вистинска композиторска школа. Неговиот благ карактер и љубезно постапување со сите присутни,предизвикал општа симпатија, така што членовите на оркестарот го нарекувале ; папа Хајдн; т.е татко Хајдн. Големината на тој карактер ја гледаме и во фактот што Хајдн отворено ја признал величественоста на Моцарт, кога во 1787 год. добива нарачка за една опера во Прага, која нарачка ја одбива предавајќи ја на Моцарт со зборовите дека тој е најголем композитор на векот, а Моцарт, благодарејќи му на Хајдн го пишува своето ремек дело-операта „Дон Џовани“. Напуштајќи ја службата кај Есерхази, Хајдн влегува во последниот период од својот живот во кој централни настани се двете патувања во Лондон. Во англиската престолнина Хајдн доаѓа во допир со нејзиниот развиен музички живот и големите претставници на англиската култура. Таму ја добива титулата (Оксфорд), почесен доктор на музичката уметност, а на враќањето во Виена преку Бон, го запознава Бетовен, кој подоцна ќе стане негов ученик. Последните години од животот, Хајдн ги поминува во Виена исцрпен од прекумерната работа, а влегувањето на Наполеоновите трупи во Виена предизвикале голема возбуда, која не можел да ја преболи. Умира во 1809 г.

Опусот на Хајдн е богат и разновиден. Во него среќаваме 104 симфонии, 4 концерти за пијано и оркестар, 3 коцерти за виолина, 2 концерти за виолончело, 77 гудачки квартети, 25 пијано – триа, 21 гудачко трио, 12 сонати за виолина, повеќе од 50 сонати - фантазии И варијации за пијано, повеќе од 200 творби за инструментот наречен баритон, на кој често свирел кнезот Никола Екстерхази, 3 ораториума, 14 миси, 2 реквиеми и други духовни творби, повеќе од 24 опери и оперети, 40 соло песни и многубројни обработки на народни песни од Шкотска и Велс.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Симфонии

[уреди | уреди извор]

Развојниот пат на Хајдн како симфоничар бил долг и трперлив. Со тек на време бројот на симфомии што ги напишал е се помало, а значењето е сè поголемо. 60–тите години на 18 век, тој напишал околу 40 симфонии, 70–тите, околу 30 симфонии, 80–тите околу 20 симфонии, а во 1790 – 1795 г. последните 12 симфонии. Неговите први симфонии се слични на дивертимента, каде сонатната форма не е јасно изразена, бидејќи нема втора главна тема, ниту пак развоен дел. Во 80–тите год. на стануваат т.н. “четврти париски симфонии” кои се претходници на неговите најзрели дела наречени “лондонси симфонии“. Заедно со најзрелите симфонии на Моцарт “лондонските симф.” на Хајдн се врв на Европската симфониска музика од 18 век. Во нив е утврден класично симфонискиот стил и сонатната форма, а од друга срана пак тука Хајдн обично се служи со богатството на музичкиот фолклор, посебно хрватскиот. Тие симфонии се жив пример на неговиот голем оптимизам и хуманост. Што се однесува до оркестарот, тој е речиси целосно развиен со флети, обои, фаготи, хорни, труби, гудачи, тимпани и разновидни други ударалки. Во развојниот дел често учествувале сите инструменти, а музичкото дејствие преоѓа од една оркестарска група на друга. Скоро сите сите лондонски симфонии, а и некои претходни почнуваат со вовед во бавно темпо кој често е тематски поврзан со градбата на првиот став. Моцартовото влијание е нагласено во сè поголемата кантабилност И во емоционалната продлабоченост во бавните ставови. Карактеристичен е фактот дека последните ставови носат богата примена на полифони постапки, а менуетите по својот карактер сè повеќе се приближуваат кон скерцото,па се поблиску и до Бетовеновите скерца.

Многу негови симфонии имаат наслови кои повеќето не потекнуваат од композиторот, туку од љубителите така на пример покрај лондонските симфонии се среќаваат насловите: симфонија - часовник, војничка симфонија, симфонија со удар во тимпан и симфонијата со тремоло во тимпан. Во инструменталното творештво на Хајдн се истакнуваат неговите 52 сонати за пијано, неколку успешни пијано – триа, а од концертната литература често изведуваниот концерт за виолина и оркестар во Д- дур.

Во неговите вокални дела постојат опери, соло – песни, црковни творби и ораториуми. Неговото најзначајно оперско дело е комичната опера Аптекар во која се обработува често користената тема на комичната опера од тоа време т.е. критика на скржавоста и лакомоста. Најзначајните вокални дела се ораториумите “Создавањето на светот” и Годишните времиња” , настанати под влијание на ораториумите на Хендл кој Хајдн ги слушнал во Лондон. Во ораториумите на Хајдн е присутна големата љубов кон светот и човекот. Тоа се вистинки химни кон светот на природата и човекот, а големиот мајстор на оркестарот И преку инструментите успева да го поддржи она за што говори текстот на самите дела. Триделниот ораториум „создавање на светот” го изнесува библиското прикажување на постанокот на земјата и луѓето, додека ораториумот „Годишни времиња” содржи опис на селскиот живот со сите промени, кои ги носи со себе смената на годишните времиња. Тоа е тема која пред него во концертната форма ја обработува Вивалди, а во ораториумската форма Георг Фридрих Телеман. Во неговите најуспешни црковни форми припаѓаат 12 миси, од кои 6–те последни се свечени миси за солисти, хор и оркестар. Придонесот на Хајдн кон историјата на музиката е значаен и преголем. Како голем уметник на симфиниите и гудачките квартети, како усовршувањето на новиот инструментален јазик и втемелувач на модерниот оркестар, Хајдн ги проткајувал делата со оптимизам, радост и хумор. Во тој поглед е поучен фрагментот од едно негово писмо кое вели: „Честопати сум се борел со секакви тешкотии, честопати се губела силата на мојот дух и тело и ми било навистина тешко да издржам на патот на којшто сум тргнал, но тогаш некое скришно чувство ми шепнало – на земјата има толку малку весели и задоволни луѓе, нив на сите страин ги прогонуваат грижи и можеби твојата работа некогаш ќе стане извор од кои тие луѓе оптоварени со грижи ќе црпат мир и утеха. Во тие моменти таквите мисли биле силен поттик за моите идни настојувања.“

Овие зборови се едни од најголемите примери за високата свест на уметникот кој во создавањето е како едно со заедницата околу него,а зар може вистинскиот уметник и да посака нешто поинаку.

Гудачки квартети на Хајдн

[уреди | уреди извор]

Гудачките квартети на Хајдн имаат слична тензија како и неговите симфонии. Во почетокот тоа се дела со не толку голем обем, слични со дивертиментата. Во нив редовно има 5 става од кои 2 се менуета. Индивидуализацјата на 4–те менуета сѐ уште не е спроведена, што се гледа од фактот дека главната мелодиска линија на првата виолина честопати остро се спротивставува на сосема подредената улога на останатите инструменти. Првите позначајни дела од овој вид на овој авторсе делата оп.18 и оп.20 од 1972 т.н. сончеви квартети, во кои самостојноста на делниците е остварена со примена на полифониот стил (посебно во завршните ставови од кои некои се напишани во форма на фуга). На тие дела се должи заслугата на Хајдн во изградбата на класичниот гудачки квартет. Во нив се јавува итн. лажна реприза – посебната на Хајдн во формалната структура на сонатната форма. Во понатамошните дела Хајдн сè повеќе го продлабочува класичниот квартет, а посебен квалитет тој добива по средбата со делата на Моцарт.

Шестте т.н руски квартети од 1781 донесуваат богати моривски разработки и многу духовити детали за коешто сведочат ознаките скерцо и скерцанда во менуетите во овие дела.После квартетите оп. 50 (6 пруски) и 6 квартети оп. 64, врвот на Хајдн на полето на гудачките квартети слично како и кај симфонијата е остварен во контекст со лондонската музичка средина. Циклусите на гудачките квартети оп. 71, 74, 76 и 77 заедно со некои од истородните дела на Моцарт се најважните од овој вид во овој век. Мелодиските убавини, смелите модулации, продлабочувањето на формално–содржинскиот ефект, сè се тоа елементи кои придонесуваат за големата убавина на овие дела. Од другите дела на Хајдн се истакнуваат негоите 52 сонати за клавир, а од концертната литература неговиот концерт за виолончело и пијано во Д-дур. Меѓу вокалните дела на Хајдн се среќаваат опери, соло – песни, црковни композиции и дела од ораториумски вид. Неговото оперско творештво долго се сметало за најслаб дел од неговиот опус, но со тек на време тоа мислење се променило, посебно во комичните опери на италијански текст, пишувани за театарот на дворовите на Естерхази. Ремек дело на Хајдн во тој поглед е неговата комична опера “Аптекар” во која се обработува често искористувана тема за тоа време - исмејување на алчноста и скржавоста.

Најобемните дела на Хајдн од вокалниот род се неговите ораториуми: „создавање на светот” и „годишни врениња“. Голем поттик за создавање на овие дела Хајдн добива во Лондон слушајќи ги изведбите на ораториумите на Хендл. Во последната етапа од својот живот Хајдн во овие дела повторно се предава целиот и како човек и како уметник. Љубовта за убавините на природата,за животот во неа и за човекот како средиштен дел во неа се теми на овие обемни химни со хуманистички карактер. Големиот мајстор на оркестарот во нив дава најуспешни примери на програмската музика во доцниот 18 век. На крајот тие се израз и на оној оптимизам, животна ведрина и радост, но и рафиниран хумор во самиот карактер. За композиции со чија помош Хајдн се борел за поубав и посреќен свет и за похумани односи на луѓето во овој свет

Поврзано

[уреди | уреди извор]