Никита Станеску

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Никита Станеску
Nichita Stanescu.jpg
Nichita, by Paul Mecet]]
Роден 31 март 1933
Романија Плоешти, Романија
Починал 13 декември 1983
Романија Букурешт, Романија
Занимање поет, есеист

Никита Станеску (Плоешти, (31 март 1933 - Букурешт, 13 декември 1983) е романски поет, великан на романската литература. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објавува околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици.

Никита Станеску е роден во Плоешти каде и завршува средно училиште пред да замине во Букурешт за да студира романски јазик и литература. Дипломира во 1957.

Станеску се венча уште во 1952 година со Магдалена Петреску, но следната година двојката се разделува. Во 1962 година тој се венча со Дојна Чуреа, а по точно дваесет години, една година пред неговата смрт, се оженува со Тодорица "Дора" Тарица.

Првата збирка песни Sensul iubirii („Смислата на Љубовта“) ја објавува во 1960 година. Последната книга што ја објавува во текот на својот живот Noduri şi semne ("Јазли и белези"), е објавена во 1982 година. Умира како последица на хепатитис.

Трипати едноподруго ја добива наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хердеровата награда за литература во 1975 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1982 година.

За жал, умира релативно млад, зад себе оставајќи фигура на митски поет и можеби најзначајните поетски дела на пост-воената романска литература:

По падот на Железната завеса, посмртно е избран за член на Романската Академија.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Sensul iubirii - „Смислата на Љубовта“
  • O viziune a sentimentelor - "Приказ на чувствата"
  • 11 Elegii - "11 елегии"
  • Necuvintele - "Непрозборено"
  • Un pământ numit România - "Земјата наречена Романија"
  • Epica Magna - „Големиот еп“
  • Opere imperfecte - "Несовршени дела"
  • Noduri şi semne - "Јазли и белези"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]