Роберт Рождественски
![]() | |
---|---|
![]() Роберт Рождественски | |
Роден/а | 20 јуни 1932![]() |
Починат/а | 19 август 1994![]() |
Занимање | поет |
Роберт Иванович Рождественски (руски: Ро́берт Ива́нович Рожде́ственский; 20 јуни 1932 - 19 август 1994) — руски поет кој во периодот на распадот на доктрината на социјалистичкиот реализам, заедно со поетите од типот на Андреј Вознесенски, Евгениј Евтушенко и Бела Акмадулина се осврна кон еден понов, посвеж и послободен поетски пристап во Советскиот Сојуз.
Роден е во воена фамилија во Кошика. По почетокот на Втората светска војна оди во сиропиталиште, бидејќи двајцата негови родители се мобилизирани. Започнува да пишува по завршувањето на средното училиште (првите свои стихови ги издава во 1950). За време на првите години од владеењето на Хрушчов, Рождественски работи крај Вознесенски, Јевтушенко и Акмадулина. Тие не се покоруваат на социјалистичкиот реализами почнуваат да пишуваат емотивни, лирски поеми. Сепак, тој никогаш нема да биде критички настроен кон комунистичката власт, поради што ќе биде постојано поддржуван од неа, а и ќе ја добие Лениновата награда во 1979 година.
Тој е првиот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за најдобра песна во 1966 година.
Умира на 19 август 1994 во Переделкино.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Роберт Рождественски поеми на Стихи Поэтов (руски)
- Рождественски на lib.ru. (руски)
|
|
- Родени во 1932 година
- Луѓе од Кошика
- Луѓе од Советски Сојуз
- Починати во 1994 година
- Починати во Переделкино
- Починати во Русија
- Руски поети
- Руски писатели
- Советски поети
- Советски писатели
- Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот
- Носители на Орденот на Ленин
- Добитници на Државната награда на СССР
- Носители на орденот „Знак на Честа“
- Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол