Чарлс Симиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златен венец Чарлс Симиќ
Charles Simic
Charles simic 6693.JPG
Роден/аДушан Симиќ
9 мај 1938 (1938-05-09) (81 г.)
Белград, Југославија
Занимањепоет
Националностсрпско-американски
Значајни наградиПулицерова награда за поезија (1990)
Награда Валас Стивенс (2007)
Златен венец на СВП (2017)

Чарлс Симиќ (Белград, 09 мај 1938) – српско-американски поет, есеист и преведувач. Еден од најзначајните американски и светски поети и есеисти. Во 1990 година ја добил Пулицеровата награда за поезија, а во 2017 добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Чарлс Симиќ е роден како Душан Симиќ во 1938 година во Белград. Во 1953 година со семејството се сели во САД, претходно поминувајќи година дена во Париз[2]. Песни почнал да пишува во средно училиште, како што изјавува во едно интервју, за да им се допадне на девојките. На неговите поетски почетоци особено влијаеле американските поети: Волт Витмен, Емили Дикинсон, Волас Стивенс и др. Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) одлично е примена од страна на критиката

Како преведувач е особено значаен за популаризација на поезијата на значајни поети од јужносвловенските земји. На англиски превел поезија од: Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Бранко Миљковиќ, Новица Тадиќ, Радмила Лазиќ, како и три антологии на модерна српска поезија, Славко Михалиќ од Хрватска, Томаж Шаламун од Словенија. На англиски препеал и една збирка поезија од Славко Јаневски (2002).

Од 1973 година бил професор на универзитетот во Њу Хемпшир, каде предавал американска книжевност и креативно пишување. Живее во Стафорд, Њу Хемпшир.

Дела[уреди | уреди извор]

Поетски збирки:

  • 1967, Што вели тревата
  • 1969, Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки
  • 1971, Разградување на тишината
  • 1972, Бело
  • 1974, Враќање на местото осветлено со чаша млеко
  • 1977, Харонова космологија
  • 1978, Училиште за темни мисли
  • 1980, Класични игри од балската сала
  • 1982, Острини
  • 1986, Бескрајна тага
  • 1989, Светот не завршува
  • 1990, Книга на богови и ѓаволи
  • 1992, Хотел Несоница
  • 1994, Венчавка во пеколот
  • 1996, Шетајќи со црна мачка
  • 1999, Jackstraws
  • 2001, Ноќен излет
  • 2003, Гласот во 3 попладне: избрани доцни и нови песни
  • 2005, Моето немо страдање
  • 2006, Мајмуни околу нас
  • 2008, Таа ситница
  • 2010, Мајстор на метаморфози
  • 2015, Лудак

Збирки есеи:

  • 1983, Творечки чин
  • 1992, Четири творечки варијации
  • 1993, 2008, Алхемија на ситничарницата
  • 1995, Невработениот гледач
  • 2003, Метафизичар во мракот
  • 2006, И ѓаволот е поет

Награди[уреди | уреди извор]

  • Пулицерова награда за поезија
  • Награда „Едгар Алан По“
  • Награда на Американската академија
  • Меѓународна награда за поезија „Грифин“
  • Награда „Валас Стивенс“
  • Награда Poeta Laureatus на Конгресната библиотека во Вашингтон
  • Награда на српскиот ПЕН центар за превод на српската литература
  • Медалја „Роберт Фрост“ за животно дело во поезијата
  • Награда Вилчек за уметност и хуманистика
  • Награда „Босански свеќак“ на меѓународната поетска манифестација „Сараевски денови на поезијата“
  • Златен венец на „Струшките вечери на поезијата“

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Портрет[уреди | уреди извор]

Дела[уреди | уреди извор]

Интервјуа и критики[уреди | уреди извор]