Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизичкиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите.
Во 1976 година Гилвик ја добива Големата Поетска награда на Француската Академија а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Добитник е и на Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата[2].