Булат Окуџава
| Роден/а | 9 мај 1924
|
|---|---|
| Починат/а | 12 јуни 1997
|
| Занимање | поет, прозаист, композитор |

Булат Шалвович Окуџава (руски: Булат Шалвович Окуджава, грузиски: ბულატ ოკუჯავა) (9 мај 1924 - 12 јуни 1997 ) — советски и руски поет, прозаист, композитор и сценарист, еден од основачите на рускиот жанр наречен „авторска песна“ (авторская песня). По потекло бил Грузиец роден во Москва; умира во Париз. Создава повеќе од 200 музички композиции на чиј текст е автор самиот тој. Неговите песни се еден вид мешавина на рускиот традиционален фолклор и на француските шансони. Иако тие никогаш немаат политички карактер (за разлика од оние на неговите колеги - "бардови"), свежината и независноста на поезијата на Окуџава секогаш им пречи на властите кои долго време ќе се двоумат дали да го санкционираат неговото творештво.[1]
Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1967 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Smith, G. S. (1988). „Okudzhava Marches On“. Slavonic and East European Review. 66.4 (October 1): 553.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Аудио податотеки на неговите најпознати песни во MP3 формат. (англиски)
- Биографија russia-in-us.com. Архивирано на 7 февруари 2005 г. (англиски)
- Биографија на russia-ic.com. (англиски)
- Текстови на повеќе од 100 негови песни. (руски)
| ||||||||||||||||
|
- Родени во 1924 година
- Луѓе од Москва
- Луѓе од Советски Сојуз
- Починати во 1997 година
- Починати во Париз
- Починати во Франција
- Советски поети
- Руски поети
- Руски писатели
- Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- Добитници на Државната награда на СССР
- Носители на Орденот на пријателството меѓу народите
- Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен
