Маргарет Атвуд
Маргарет Атвуд (англиски: Margaret Atwood; 1939, Отава, Канада) — канадска писателка.
Животопис[уреди | уреди извор]
Маргарет Атвуд е родена во Отава, државата Онтарио, во 1939 година.[1]
Творештво[уреди | уреди извор]
Атвуд е најпознатата канадска писателка, добитничка на многу награди, како што се: Букеровата награда, „Welsh Arts International“ и највисоките канадски признанија. Исто така, таа е добитничка на францускиот орден „Легија на честа“. Централни теми во нејзините дела се камерните, семејни теми, машко-женските односи, еманципацијата на жената и развојот на женското пријателство, како што е случајот во романите „Приказната на слугинката“, „Мачкино око“, „Слепиот убиец“, „Изронување“ и „Алијас Грејс“. Во збирката раскази „Морално пореметување“ ги обработува мрачните семејни врски и постојаната борба на стегите во која на патот на созревањето се укинува себичноста и незрелоста на возрасните. Според нејзиниот роман „Приказната на слугинката“, славниот германски режисер Волфганг Шлендорф снимил филм.[2]