Прејди на содржината

Васко Граса Моура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васко Граса Моура
Роден 3 јануари 1942
Порто, Португалија
Починал 27 април 2014
Лисабон, Португалија
Националност Португалец
Занимање поет

Васко Граса Моура (роден на 3 јануари 1942 година во Порто - починал на 27 април 2014 година во Лисабон) — португалски поет, раскажувач, драматург, есеист.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Моура е роден е во Порто на 3 јануари 1942 година. Студирал право и бил значајна фигура во јавниот и политичкиот живот на Португалија и Европа. Раководел со најреномираните институции во Португалија, од националната телевија, до институции од областа на културата и уметноста. Но покрај овој дел од неговиот живот, преку своето творештво се вбројува меѓу најреномираните современи португалски поети.

Како поет се прославил со книгата „Модус што се менува“ (1963), по која следеле:

  • Англиска седмица (1965)
  • Декември и други песни (1976)
  • Рецитативи (1977)
  • Инструменти за меланхолијата (1980)
  • Концерт во поле (1993)
  • Семејни сонети (1995)
  • Песни со личностш (1997)
  • Тестамент на вгм (2001).

Како раскажувач ги објавил:

  • Четшри последни песни (1987)
  • Бродолом на Сепулведа (1988)
  • Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993)
  • Смртта на Никој (1998)
  • Љубов моја, ноќе беше (2001).

Како есеист, ги објавил книгите:

  • Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980)
  • Повеќе гласови (1987)
  • Портрети на Изабел и други обиди (1994).

Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наред- никот (2001).

Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Валтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година. Добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2004 година.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Моура“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 992. Text "series " ignored (help)