Иако учел во воена школа, започнал со пишување поезија уште од средно училиште. Неговата песна Yavaslayan Omur („Бавен Живот“) го става во центарот на вниманието на турската интелегенција уште во 1933 година. Како офицер живеел во неколку градови во земјата сè до 1950 година, кога и ја напуштил армијата, по што работел во Управата за Печат и Туризам и Министерството за труд уште десет години. Некое време минал во Франција во 1952 година. Заедно со еден пријател ја основал книжарницата и издавачка куќа Kitap („Книга“), чиј управник бил сè до 1970 година. Оттогаш бил безмалку исклучиво посветен на пишување поезија.
Неговата пуристичка употреба на турскиот јазик воведува една нова димензија во современата турска литература. Во своите песни тој обработувал мотиви од праисторијата на човекот и универзумот, теми со антивоен карактер, но и такви инспирирани од Турската војна за независност[2].