Ана Бландијана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златен венец.svg Ана Бландијана
RK1907 MG 7507-Edit Ana Blandiana.jpg
Ана Бландијана во 2019 година
Занимањепоетеса
есеистка
публицист
Националностроманска
Значајни наградиХердерова награда (1982), Златен венец на Струшките вечери на поезијата (2019)


Ана Бландијана (романски: Ana Blandiana); со родено име Отилија Валерија Коман (Otilia Valeria Coman) (25 март 1942, Темишвар) – романска поетеса, есеистка, журналистка и општественик, која се смета за најголемата поетеса во романската литература на ХХ век.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бландијана била родена на 25 март 1942 година во Темишвар. Татко ѝ бил свештеник кој поминал за време на комунизмот поминал многу години в затвор. Мајка ѝ била сметководителка. Нејзината прва книга била издадена во 1952 година во Клуж. За свој псевдоним го избрала името на селото на мајка ѝ во Трансилванија. Заради своето потекло, поточно заради татко ѝ постојано се соочува со проблеми при објавувањето на своите дела. Во 1967 година се преселила во Букурешт. Во периодот 1975 – 1977 работи како библиотекарка во Институтот за ликовни уметности. Од 1976 година почнуваат да се издаваат преводи на нејзините дела во странство. Оттогаш била под постојан надзор на тајните служби како дисидент.

По револуцијата од 1989 година активно се вклучила во општествениот и политичкиот живот на земјата.

Бландијана е високопризнаена фигура во романската книжевност и има напишано 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и претставено во 80 книги поезија и проза.

Признанија и награди[уреди | уреди извор]

Бландијана е почесен претседател на романскиот ПЕН-клуб, основач и директор на Меморијалот на жртвите на комунизмот. Член е на поетската академија „Стефан Маларме“, на Европската академија на поезијата, на Светската академија на поезијата.

Награди:

и на други национални и меѓународни награди и признанија.

Почесен граѓанин на Темишвар (2002).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија
  • Persoana întâia plural, 1964
  • Călcâiul vulnerabil, 1966;
  • A treia taină, 1969
  • 50 de poeme, 1970
  • Octombrie, Noiembrie, Decembrie, 1972
  • Poeme, 1974
  • Somnul din somn, 1977
  • Întâmplări din grădina mea, 1980
  • Ochiul de greier, 1981
  • Ora de nisip, 1984
  • Stea de pradă, 1986
  • Alte intâmplări din grădina mea, 1987
  • Întâmplări de pe strada mea, 1988
  • Poezii, 1988
  • Arhitectura valurilor, 1990
  • 100 de poeme, 1991
  • În dimineața de după moarte, 1996
  • La cules îngeri, 1997, 2003, 2004
  • Cartea albă a lui Arpagic, 1998
  • Balanța cu un singur talger, 1998
  • Soarele de apoi, 2000
  • Refluxul sensurilor, 2004
  • Poeme (1964 – 2004), 2005
  • Întoarcerea lui Arpagic, 2008
  • Patria mea A4, 2010
  • Pleoape de apă, 2010
Есеистика
  • Calitatea de martor, 1970, 2003
  • Eu scriu, tu scrii, el/ea scrie, 1975
  • Cea mai frumoasă dintre lumile posibile, 1978
  • Coridoare de oglinzi, 1983
  • Autoportret cu palimpsest, 1985
  • Orașe de silabe, 1987
  • Geniul de a fi, 1998
  • Ghicitul în mulțimi, 2000
  • Cine sunt eu?, 2001
  • A fi sau a privi, 2005
  • O silabisire a lumii, 2006
  • Spaima de literatură, 2006
  • Fals tratat de manipulare, 2013
Збирки раскази
  • Cele patru anotimpuri, 1977, 2001
  • Proiecte de trecut, 1982

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]