Томаж Шаламун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томаж Шаламун
Tomaž Šalamun
Томаж Шаламун во 2005 година
Роден(а)4 јули 1941(1941-07-04)(82 г.)
Загреб , Социјалистичка Република Хрватска ,СФР Југославија
Починал(а)4 јули 2014,
Љубљана, Словенија
ЖивеалиштеЉубљана, Словенија
НационалностСловенец
Занимањеписател

Томаж Шаламун (словенечки: Tomaž Šalamun ),(Загреб, 4 јули 1941Љубљана, 27 декември 2014) — словенечки писател[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Томаж Шалмун, роден бил во Загреб, 1941 година. Живеел во Љубљана. Гимназија завршил во Копер (1960). Студирал историја и и историја на уметноста во Љубљана (1965). Бил член на авангардната група ОХО заедно со неговиот брат, сликарот Андраш Шаламун[2].

Во 1969 се вработил во Модерната галерија во Љубљана, а 1971 станува асистент за историја на уметноста на Академијата за ликовна уметност и обликување во Љубљана [3]

Творештво[уреди | уреди извор]

Поезија почнал да објавува во Перспективи списание за литература од 1963 година

Во 1993 година го вбројуваат во словенечките литературни класици, по објавувањето на неговата реномирана збирка избрани песни Кондор. Околу 30 негови книги се преведени на 18 јазици.

Поетско творештво[уреди | уреди извор]

Томаж Шаламун е претставник на втората повоена поетска генерација. Прв е што го вовел терминот модернистичка поезија[4].

Објавил над триесет поетски збирки. Уште во првата збирка „Покер“, го употребува својот поетски јазик со кој ги разбива одредени конвенции и и табуа. Никогаш не пишувал за себе и за својата личност[5].

Поетски збирки[уреди | уреди извор]

  • Покер (1966)
  • Namen pelerine (1968)
  • Роморење за Марушка (1971)
  • Белата Итака (1972)
  • Америка (1972)
  • Арена (1973)
  • Сокол (1974)
  • Имре (1975)
  • Друиди (1975)
  • Турбини (1975)
  • Празник (1976)
  • Ѕвезди (1977)
  • Методот на ангелот (1978)
  • По патот на дивината (1979)
  • Историјата на светлинат е портокалова (1979)
  • Маски (1980)
  • Балада за Метка Крашовец (1981)
  • Глас' (1983)
  • Сонет за млекото' (1984)
  • Soy realidad (1985)
  • Љубљанска пролет (1986)
  • Мерката на часот (1987)
  • Жива рана, жив сок (1988)
  • Детето и еленот (1990)
  • Глаголите на сонцето (1993)
  • Амбра (1995)
  • Црн лебед (1997)
  • Книга за мојот брат (1997)
  • Море (1999)
  • Шума и калеми (2000)
  • Tабли (2002)
  • Од таму (2003)
  • Со Ахил по Кикладите (2004)
  • Што е што (2005)
  • Сончев воз (2005)
  • Сината кула (2007)
  • Погрешен е целиот свет (2010)
  • Летен час" (2010)
  • Опера буффо" (2011)
  • Кога (2011)
  • Бебињата (2014)
  • Оргии (2015)
  • Оној кој ја крева точката, спие (2015)
  • Шепотење" (селекција и илустрација на Метка Крашевец,2016)
  • Постсмртна битка (евиденција и илустрација на Ана Шаламун, 2018)
  • Утро: шест збирки од наследството (придружни зборови Михаел Мауриќ и Алеш Штегер, 2018) (книгата е составена од шест необјавени поетски збирки што потекнуваат од 2004 до 2013 година со наслови: Исечете се во мрежите под маслинките, Измама, Ропар, Анди, Михаел е наш, Судбина)[6].

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Poslovil se je Tomaž Šalamun, ikonoklast slovenske poezije, MMC RTV SLO
  2. Томаж Шаламун на семрежното место на Сарајевске свеске
  3. Šalamun, Tomaž[мртва врска]
  4. Tomaz Salamun pjesnik neogranicene maste
  5. „Tomaz Salamun“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  6. Томаж Шаламун - ријеч је темељ свијета
  7. Томаж Шаламун[мртва врска] на семрежното место на СВП
  8. Tomaž Šalamun на семрежното место POETRY FOUNDATION

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Профили[уреди | уреди извор]

Творештво[уреди | уреди извор]

Интервјуа[уреди | уреди извор]

Симпозиум 2011[уреди | уреди извор]

  • 2011 Slovenska medkulturna neoavantgarda: poezija in svet Tomaža Šalamuna, Koper, Ljubljana, Zagreb.