Прејди на содржината

Копер

Координати: 45°33′N 13°44′E / 45.550° СГШ; 13.733° ИГД / 45.550; 13.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Копер
Koper
гратче
Горе: Копер гледан од Жустерна, Средина: Пристаништето (лево), Соборната црква „Вознесение“ (десно), Доле: Преторскиот дворец (лево), Дворецот Ложа (десно)
Горе: Копер гледан од Жустерна, Средина: Пристаништето (лево), Соборната црква „Вознесение“ (десно), Доле: Преторскиот дворец (лево), Дворецот Ложа (десно)
Знаме на КоперГрб на Копер
Копер is located in Slovenia
Копер
Копер
Местоположба на Копер
Координати: 45°33′N 13°44′E / 45.550° СГШ; 13.733° ИГД / 45.550; 13.733
Држава Словенија
Традиционален регионПриморска
Статистички регионКрајбрежно-крашки
ОпштинаКопер
Површина
 • Вкупна13 км2 (5 ми2)
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Население (2020)[1]
 • Вкупно25.753
 • Ранг5.
 • Густина2,000/км2 (5,100/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+02)
Поштенски бр.6000
Повик. бр.+386 (0)5
Рег. таб.KP
КлимаВлажна суптропска
[1]

Копер (словенечки: Koper, италијански: Capodistria, хрватски: Kopar) — петтиот најголем град во Словенија. Сместен во Истра во најјугозападниот дел во државата, околу 3 км јужно од границата со Италија и 20 км од Трст, Копер е најголемиот пристанишен град во државата. Граничи со сателитските гратчиња Изола и Анкаран. Градот се наоѓа во Трстјанскиот Залив на Јадранското Море[2] и има население од околу 23,726. Службено гратчето е двојазично: словенечки и италијански. Копер е седиште на големата Градска општина Копер.

Италијанското име на гратчето било архаично напишано како Капо д'Истрија (Capo d'Istria),[3] и е заведено на карти и извори на други европски јазици како такви. Современите имиња на градот се: хрватски: Kopar, српски: Копар, германски: Gafers. Словенечкото население го нарекува гратчето Копер. Словенското говорно население, присутно во областа барем од крајот на VII век,[4] во голема мера се потпирало на усната традиција до пронајдокот на печатењето. Словенечкото име Копер првпат било писмено споменато во 1557 година, но напишано како Kopper.[5]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Коперскиот Преторски двореца од 15 век се наоѓа на градскиот плоштад. Изграден е од две постари куќи од 13 век кои биле поврзани со чардак, многупати обновувана, а потоа завршена како венецијански готски дворец. Денес, тој е дом на туристичката канцеларија на Општина Копер.[6]

Градската соборна црква „Успение на Богородица“ е изградена во втората половина на 12 век и има едно од најстарите ѕвона во Словенија (од 1333 година), излеани од Николо и Мартино, синовите на мајсторот Џакомо од Венеција.[7][8] Горната тераса е периодично отворена и нуди прекрасен поглед на Трстјанскиот Залив. Во средината на неа виси сликата од уметничкиот правец Свет разговор (Sacra Conversatione) од 1516 година, една од најдобрите ренесансни слики во Словенија, направена од Виторе Карпачо.[9]

Копер има влажна суптропска клима. Во Копер има значителна количина на врнежи, дури и во најсувиот месец, при што секој месец е во просек над 60 мм. Оваа клима е според Кепен-Гајгеровата класификација на климата. Просечната температура во Копер е 14,4 °C. Просечните годишни врнежи се 1,056 мм.

Климатски податоци за Копер
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 7.8
(46)
9.2
(48.6)
12.6
(54.7)
16.7
(62.1)
21.5
(70.7)
25.0
(77)
27.5
(81.5)
27.1
(80.8)
23.4
(74.1)
18.6
(65.5)
13.1
(55.6)
9.4
(48.9)
17.7
(63.9)
Сред. дневна °C (°F) 5.6
(42.1)
6.5
(43.7)
9.3
(48.7)
12.9
(55.2)
17.4
(63.3)
21.1
(70)
23.5
(74.3)
23.3
(73.9)
19.9
(67.8)
15.5
(59.9)
10.4
(50.7)
7.1
(44.8)
14.4
(57.9)
Прос. ниска °C (°F) 3.5
(38.3)
3.9
(39)
6.0
(42.8)
9.2
(48.6)
13.4
(56.1)
17.2
(63)
19.6
(67.3)
19.5
(67.1)
16.4
(61.5)
12.4
(54.3)
7.7
(45.9)
4.8
(40.6)
11.1
(52)
Прос. врнежи мм (ин) 75
(2.95)
70
(2.76)
72
(2.83)
89
(3.5)
82
(3.23)
92
(3.62)
69
(2.72)
93
(3.66)
111
(4.37)
98
(3.86)
117
(4.61)
88
(3.46)
1.056
(41,57)
Извор: http://en.climate-data.org/location/59382/

Население

[уреди | уреди извор]
Современ станбен четврт.

Италијанскиот некогаш бил главен јазик во гратчето, кој го зборувале 92% од населението во 1900 година, но овој број нагло се намалил откако Словенечка Истра била вклучена во Југославија во 1954 година и многу етнички Италијанци го напуштиле градот. Денес, италијанскиот главно се користи како втор јазик од мнозинството што зборува словенечки. Словенечкиот преовладува кој практично сите граѓани го зборуваат, а потоа следат малубројните говорители на италијанскио и хрватскиот.

Главниот фудбалски клуб е ФК Копер, кој моментално игра во Словенечката прва лига која ја освоил еднаш во текот на своето постоење.

Пристаниште

[уреди | уреди извор]
Пристаништето Копер.

Прво основано за време на Римската Империја, пристаништето Копер одиграло важна улога во развојот на областа. Тоа е меѓу најголемите во регионот и е еден од најважните транзитни патишта за стоки што се движат од Азија кон Средна Европа. За разлика од другите европски пристаништа, со кои управуваат пристанишните власти, активностите на пристаништето Копер го опфаќаат управувањето со областа на слободната зона, управувањето со пристаништето и улогата на оператор на терминал.

Позначајни личности од Копер

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Koper“. Prebivalstvo - izbrani kazalniki, naselja, Slovenija, letno. Статистички завод на Република Словенија. Посетено на 31 јануари 2023.
  2. Entry for Koper in the Lonely Planet Guide to Slovenia
  3. John Everett-Heath (13 септември 2018). The Concise Dictionary of World Place-Names. OUP Oxford. стр. 989. ISBN 978-0-19-256243-2.
  4. „Storia di Capodistria“. City of Koper. Архивирано од изворникот на 22 март 2021. Посетено на 30 јануари 2023.
  5. Golec, Boris (2015). „Najzgodnejše omembe Istre, Trsta in Primorja v slovenskih besedilih“ (PDF). Acta Histriae. 23 (4): 678. ISSN 1318-0185. Посетено на 30 јануари 2023.
  6. „Praetorian Palace, Koper, The Official Travel Guide“. Slovenian Tourist Board. Посетено на 31 јануари 2023.
  7. Semi, Francesco (1933). „Il duomo di Capodistria“. Atti e memorie della Società istriana di archeologia e storia patria. Pula. 45: 169.
  8. Ranieri, Mario Cossar (1929). „Lungo le coste Adriatiche: Giustinopoli, gemma de l'Istria“. Le vie d'Italia e dell'America latina. Milan. 35 (1): 88. Посетено на 31 јануари 2023.
  9. „Cathedral of the Assumption, Koper, The Official Travel Guide“. Slovenian Tourist Board. Посетено на 31 јануари 2023.
  10. Page in Italian about Aldo Cherini. Istrianet.org. Посетено на 31 јануари 2023.
  11. Brief article in Italian from ''Corriere della Sera'': ''Lutto, muore Giorgio Cobolli eroe della Guerra d'Africa'' (George Cobolli, hero of African War, is dead). Archiviostorico.corriere.it (24 декември 2009). Retrieved 24 September 2011.
  12. „Prominent Istrians“. Istria on the Internet. Посетено на 31 јануари 2023.
  13. „Portale multimediale della Comunità italiana di Isola“ (PDF). Посетено на 31 јануари 2023.[мртва врска]
  14. „Архивиран примерок“ (PDF). www.retecivica.trieste.it. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 септември 2004. Посетено на 31 јануари 2023.
  15. „AllCorfu.Com: Corfu's Twin Cities“. allcorfu.com. Посетено на 25 February 2010.
  16. 16,0 16,1 „Comune di Ferrara - Portale Telematico Estense“. Ferrara.comune.fe.it. Архивирано од изворникот на 2011-06-12. Посетено на 2010-03-27.
  17. „Sito ufficiale del Comune di Muggia“. Comune.muggia.ts.it. Посетено на 2010-03-27.
  18. „Sito Web del Comune di S.Dorligo della Valle - Dolina (TS)“. Comune.san-dorligo-della-valle.ts.it. Посетено на 2010-03-27.
  19. [1][мртва врска]
  20. „Welcome to JiuJiang“. Jiujiang.gov.cn. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 2010-02-25.
  21. http://72.30.186.56/search/cache?ei=UTF-8&p=Saint+John%27s+sister+cities&type=yahoo_avg_hs2-tb-web_chrome_us&fr=yhs-avg-chrome&u=clevelandslovenian.com/&w=saint+john%27s+john+sister+cities&d=dDjhxhlMTA7T&icp=1&.intl=us[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]