Словенечки брег



Словенечки брег или Словенечка ривиера (словенечки: Slovenska obala) — крајбрежното подрачје на Словенија, сместен покрај Трстјанскиот Залив на Јадранско Море. Таа е дел од полуостровот Истра и нејзината должина изнесува 46,6 км. Подрачјето се состои од градовите Копер, Пиран и Изола.
Географија[уреди | уреди извор]
Крајбрежјето на словенија се протега долж дел од полуостровот Истра и спаѓа во Крајбрежно-крашкиот статистички регион и во историската област на словенечкото крајбрежје. Се граничи со Италија на север, и со Хрватска на југ. Најсеверна точка е местото Дебели Ртич во Коперски Залив; а најјужна точка е селото Сечоле во Пиранскиот Залив.
Подрачјето опфаќа 13 населби, поделени на следниве општини:
- Општина Копер со Анкаран и Бертоки.
- Општина Изола со Добрава и Јагодје.
- Општина Пиран со Фиеса, Луција, Парецаг, Порторож, Сеча и Сечовље.
Сообраќај[уреди | уреди извор]
Крајбрежјето се состои од пристаништата Копер, Пиран, Луција и Порторож. Железничката станица во Копер е завршеток на релацијата Дивача-Копер, и аеродромот Порторож е сместен близу Сечовле и хрватската граница. Главни патишта овде се патот 111, кој се приклучува на автопатот А-1 (до Љубљана и Марибор) кај Копер.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Словенечкиот брег на Ризницата ?
- Словенечкиот брег и морското дно Архивирано на 11 ноември 2020 г.
- Информации и карти од Словенечкиот брег
|