Коперски Залив
Изглед
Коперски Залив Koprski zaliv | |
---|---|
Дебели Ртич (најсеверна точка на заливот) со планината Триглав во позадина | |
Подрачје | Приморска |
Координати | 45°33′N 13°44′E / 45.550° СГШ; 13.733° ИГД |
Сливни земји | Словенија |
Површина | 18 км2 |
Населени места | Анкаран, Koper, Izola, Piran |
Коперски Залив (словенечки: Koprski zaliv, хрватски: Koprski zaljev, италијански: Golfo di Capodistria) — залив во северниот дел на Јадранското Море во Словенија. Дел е од поголемиот Трстјански Залив.
Преглед
[уреди | уреди извор]Заливот го носи името на градот Копер и претставува дел од Словенечкиот брег. Сместен е целосно на територијата на Словенија и во него се влева реката Рижана. Зафаќа површина од 18 км2, протегајќи се од ’ртот Дебели Ртич крај границата со Муџа (Миље) од италијанска страна, па до ’ртот Мадина во градот Пиран,[1] најсеверната точка на Пиранскиот Залив.
На Коперскиот Залив излегуваат градовите Копер, Анкаран, Изола, Пиран (северниот брег), како и селата Бертоки, Јагодје, Добрава, Струњан и месноста Фиеса.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карта на Коперскиот Залив — iTouchMap
Оваа статија место во Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|