Приморска

Координати: 45°59′20″N 13°48′32″E / 45.989° СГШ; 13.809° ИГД / 45.989; 13.809
Од Википедија — слободната енциклопедија
Историско-географски области на Словенија
1 Приморска;
Крањска:
Горењска Нотрањска, Долењска
3 Корушка; 4 Штаерска; 5 Прекмурје

Приморска (словенечки: Primorska, италијански: Litorale; германски: Küstenland)), наречено и Словенечко Приморје или Примоска Словенија (Slovensko primorje, primorska Slovenija) — една од петте историско-географски области на Словенија. Поимот е изведен од некогашното Австриско Приморје (Avstrijsko primorje, Österreichisches Küstenland) — хабсбуршките владенија на северното јадранско приморје, во чиј состав влегувала денешната област Приморска.

Географија[уреди | уреди извор]

Областа го сочинува најзападниот дел од Словенија и се граничи со италијанскиот регион Фурланија-Јулиска Краина. Се протега од Јадранското Море на југ до Јулиските Алпи на север.

Приморска опфаќа две традиционални краишта: Горишка и Словенечка Истра. Крајот Горишка го носи името на градот Горица кој денес е во Италија; градско средиште на Приморска сега е конурбацијата на Нова Горица и Шемпетер-Вртојба. Словенечка Истра го зафаќа северниот дел на полуостровот Истра со крајбрежните градови Копер, Изола и Пиран на Словенечкиот брег, кој е единствениот излез на море за Словенија.

По Љубљана, Приморска е најразвиениот и стопански најнапреден дел од Словенија. Западот на Словенечка Истра има двојазичност во образованието, правосудството и управата, каде словенечкиот и италијанскиот јазик имаат рамноправен статус.

Северниот дел на Приморска е во состав на поголемиот Горички статистички регион, а југот е во Крајбрежно-крашкиот статистички регион.

Исторја[уреди | уреди извор]

Припоениот западен дел на словенечката етничка територија бил дом на 327.000 од 1,3 милиони Словенци,[1][2] кои биле подложени на присилна италијанизација.

Со придобивањето на Крањската Краина во 1335 г. Хабсбурговците постепено ги запоседнале крајбрежните подрачја. Во 1500 г. ги наследиле земјите на грофовијата Горица (Герц), кога последниот гроф Леонхард Горички починал без наследник. Во 1754 г. е воспоставена хабсбуршката Покнежена Грофовија Горица и Градишка, и во in 1816 г. влегла во состав на австриското Кралство Илирија. Заедно со Истарската Краина и Слободниот царски град Трст во 1849 г. била преуредена како крунски посед Австриско Приморје.

На крајот од Првата светска војна и распадот на Австроунгарија, италијанската армија во 1918 г. го окупирала ова подрачје, заедно со западниот дел на областа Нотрањска и горењската општина Бела Печ (Вајсенфелс), подоцна италијанизирана како Фузина во Валромана, денес поделокот Тарвизио (Трбиж). Според одредбите на Лондонскиот договор од 1915 г. една четвртина од претежно словенечката етничка територија со 327.000 жители[2] од вкупно 1,3 милиони Словенци[1] потпаднале под италијанска власт согласно Договорот од Сен Жермен од 1919 г., а територијата била конечно припоена кон Италија со Рапалскиот договор од 1920 г.

Словенечкото население сега било ставено во Јулиската Краина (Venezia Giulia) и настапила присилна италијанизација, која се засилила со доаѓањето на Бенито Мусолини во 1922 г. и траела сè до 1943 г. Словенците во Италија немале никаква правна заштита како малцинство ниту во државните, ниту во меѓународните закони.[3] Голем број Словенци се преселиле во Кралството Југославија, а други се бореле против италијанската власт во антифашистичката организација ТИГР.

По Втората светска војна, според Париските мировни договори од 1947 г. голе мдел од областа во горната долина на Соча (Изонцо) ѝ припаднал на Југославија. Делови од подрачјето биле преуредени како Слободна територија Трст, додека пак Италија ги задржала градовите Горица и Градишка. Во 1954 г. Италија го повратила и Трст. Поради ова стапил период на развој на нови урбани центри од словенечка страна.

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Lipušček, U. (2012) Sacro egoismo: Slovenci v krempljih tajnega londonskega pakta 1915, Cankarjeva založba, Ljubljana. ISBN 978-961-231-871-0
  2. 2,0 2,1 Cresciani, Gianfranco (2004) Clash of civilisations, Italian Historical Society Journal, Vol.12, No.2, p.4
  3. Hehn, Paul N. (2005). A Low Dishonest Decade: The Great Powers, Eastern Europe, and the Economic Origins of World War II, 1930-1941. Continuum International Publishing Group. стр. 44–45. ISBN 0-8264-1761-2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

45°59′20″N 13°48′32″E / 45.989° СГШ; 13.809° ИГД / 45.989; 13.809