Прва словенечка фудбалска лига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва словенечка фудбалска лига
ЗемјаСловенија Словенија
КонфедерацијаУЕФА
Основана1991
Број на клубови10
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воВтора словенечка фудбалска лига
Домашен купКуп на Словенија
Тековен првакМура (1. титула)
(2020/21)
Најмногу титулиМарибор (15 титули)
Мрежно местоСлужбено мрежно место
Прва словенечка фудбалска лига 2021/22

Словенечката Прва лига (словенечки: Prva slovenska nogometna liga), во моментов е наречена Прва лига Телемах поради спонзорски причини, позната и по кратенката 1. SNL — главната фудбалска лига во Словенија, а е формирана во 1991 година откако Словенија станала независна земја. Од 1920 година до крајот на сезоната 1990-1991, Словенечката републичка лига била пониска поделба на фудбалскиот систем на југословенската лига. Во моментов со лигата управува Фудбалскиот сојуз на Словенија. Помеѓу 2001 и 2012 лигата била управувана од Здружението на 1. SNL. Целје и Марибор се единствените два основачки клуба кои никогаш не испаднале од лигата од нејзиното основање во 1991 година.[1][2]

Формат[уреди | уреди извор]

Лигата брои десет клуба, кои играат по четири меѓусебни натпревари во текот на 36 кола, двапати дома и двапати на гости. Тимовите добиваат три бода за победа, еден бод за нерешено и без бодови за пораз. Тимовите се рангирани според вкупните бодови, а ако две екипи се изедначени, меѓусебниот резултат се користи како прв критериум за класификација.

Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подолу покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Конференциска лига на Европа заедно со освојувачот на Словенечкиот фудбалски куп. На крајот на сезоната, последната екипа отпаѓа во Втората словенечка фудбалска лига, додека деветтопласираната екипа игра бараж за опстанок со второпласираната екипа во втората словенечка лига.

УЕФА Ранкинг[уреди | уреди извор]

Точно од 9 септември 2020 година.[3] Табелата ја прикажува позицијата на словенечката Прва лига, врз основа на рангирањето на земјите со коефициентот на УЕФА, и четирите странски лиги кои се најблиску до позицијата на Првата лига (две лиги со повисок коефициент и две со помал коефициент).

Ранг 2020 Ранг 2019 Промена Лига 2015–16 2016–17 2017–18 2018–19 2019–20
30 30 0 СловачкаПрва фудбалска лига на Словачка 3.750 2.125 1.875 5.125 3.000
31 32 1 +1 Лихтенштајн Фудбалски куп на Лихтенштај 5.000 2.500 2.000 1.500 2.500
32 31 -0 –1 Словенија Словенечка Прва лига 1.000 2.250 4.625 3.125 2.000
33 33 0 Унгарија Прва фудбалска лига на Унгарија 1.625 1.875 1.625 3.250 4.500
34 43 9 +9 Луксембург Прва фудбалска лига на Луксембург 0.750 0.750 0.875 2.625 3.000

Шампиони на Словенија[уреди | уреди извор]

Сезона Првак
1991–92 Олимпија Љубљана
1992–93 Олимпија Љубљана
1993–94 Олимпија Љубљана
1994–95 Олимпија Љубљана
1995–96 Горица
1996–97 Марибор
1997–98 Марибор
1998–99 Марибор
1999–2000 Марибор
2000–01 Марибор
Сезона Првак
2001–02 Марибор
2002–03 Марибор
2003–04 Горица
2004–05 Горица
2005–06 Горица
2006–07 Домжале
2007–08 Домжале
2008–09 Марибор
2009–10 Копер
2010–11 Марибор
Сезона Првак
2011–12 Марибор
2012–13 Марибор
2013–14 Марибор
2014–15 Марибор
2015–16 Олимпија Љубљана
2016–17 Марибор
2017–18 Олимпија Љубљана
2018–19 Марибор
2019–20 Целје
2020–21 Мура

Според клуб[уреди | уреди извор]

Клуб Победници Второпласирани Сезони
Марибор 15 8 1996–97, 1997–98, 1998–99, 1999–2000, 2000–01, 2001–02, 2002–03, 2008–09, 2010–11, 2011–12, 2012–13, 2013–14, 2014–15, 2018–19
Горица 4 5 1995–96, 2003–04, 2004–05, 2005–06
Олимпија Љубљана (1945–2005) 4 3 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1994–95
Домжале 2 3 2006–07, 2007–08
Олимпија Љубљана 2 3 2015–16, 2017–18
Копер 1 2 2009–10
Целје 1 2 2019–20
Мура 1 0 2020–21

Членови на Првата лига во сезоната 2021/2022[уреди | уреди извор]

Вкупно 10 тимови се натпреваруваат во тековната сезона, вклучително и 9 тимови од сезоната 2020–21, и победникот од втората словенечка лига.

Клуб Местоположба Стадион Капацитет
Целје Цеље Стадион З'дежеле 13.400
Домжале Домжале Спортски парк Домжале 3.100
Радомље Радомље Спортски парк Домжале 3.100
Мура Мурска Собота Стадион Фазанерија 5.000
Копер Копер Стадион Бонифика 4.047
Браво Љубљана Спортски парк Љубљана 2.308
Марибор Марибор Стадион Људски Врт 12.994
Олимпија Љубљана Стадион Стожице 16.693
Табор Сежана Сежана Стадион Рајко Штолфа &100000000000012000000001.200
Алуминиј Кидричево Спортски парк Алуминиј 2.600

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „PLT - Prva liga Telemach“. www.prvaliga.si (англиски). Посетено на 2022-02-12.
  2. „Football Association of Slovenia“. Wikipedia (англиски). 2021-10-21.
  3. UEFA.com. „Country coefficients | UEFA Coefficients“. UEFA.com (англиски). Посетено на 2022-02-12.