НК Олимпија Љубљана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
НК Олимпија Љубљана
OlimpijaLjubljanalogo.png
Целосно имеФудбалски Клуб Олимпија Љубљана
Športno društvo Nogometni klub Olimpija Ljubljana
ПрекарЗмејовите (Zmaji)
Зелено-белите (Zeleno-beli)
Основан2 март 2005; пред 17 години (2005-03-02)
ЛокацијаЉубљана, Словенија
СтадионСтадион Стожице
Капацитет16.038
ПретседателАдам Делиус
ТренерДино Скендер
ЛигаПрва словенечка фудбалска лига
2020/213.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Фудбалски клуб Олимпија Љубљана (словенечки: Nogometni klub Olimpija Ljubljana), познат како НК Олимпија Љубљана или едноставно Олимпија — словенечки професионален фудбалски клуб со седиште во Љубљана, Словенија, кој моментално се натпреварува во словенечката Прва лига.

Клубот е основан на 2 март 2005 година, под името НК Бежиград. Олимпија започна да се натпреварува во словенечката петта дивизија во текот на сезоната 2005/06 и успеа да постигне промоција во четири последователни сезони, достигнувајќи ја првата дивизија за прв пат во 2009 години. По седум години во највисоката дивизија, Олимпија го освои својот прв голем трофеј кога беа крунисани за шампиони во сезоната 2015/16. Тие освоија уште една титула во сезоната 2017/18; истата сезона, Олимпија го освои и националниот куп, со што ја комплетираше својата прва двојна круна.

Првично, клубот играше на стадионот Бежиград и на стадионот ЖАК за време на престојот на клубот во втората лига и во текот на првата година во највисоката лига. Во 2010 година се преселиле на стадионот Стожице со капацитет од 16.038 седишта.

Прекарите на Олимпија биле „Змејовите“ (Zmaji), бидејќи змејот е симбол на Љубљана, и „Зелено-белите“ (Zeleno-beli), што се однесува на нивните основни бои, зелената и белата.