Сежана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сежана
Sežana
Град
Sežana,glavnacesta.jpg
Сежана is located in Словенија
Сежана
Сежана
Локација во Словенија
Координати: 45°42′12.25″N 13°52′14.17″E / 45.7034028° СГШ; 13.8706028° ИГД / 45.7034028; 13.8706028Координати: 45°42′12.25″N 13°52′14.17″E / 45.7034028° СГШ; 13.8706028° ИГД / 45.7034028; 13.8706028
ДржаваFlag of Slovenia.svg Словенија
Традиционален регионПриморска
Статистички регионКрајбрежно-крашки
ОпштинаСежана
Површина
 • Вкупна15,3 км2 (59 ми2)
Надм. вис.&10000000000003605000000360,5 м
Население (2016)[1]
 • Вкупно5.665
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)

Сежана (италијански: Sesana) е град во регионот Приморска во Словенија, близу границата со Италија. Тој е седиште на Општина Сежана. Сежана се наоѓа на висорамнината Карс, и е оддалечен 17 километри од Трст, Италија, и 80 километри од Љубљана, главниот град на Словенија.[2]

Име[уреди | уреди извор]

Градот бил потврден во пишаните извори како in Cesan во 1152 година (и како Ses(s)ana во 1293 и Sexana во 1442 г.). Потеклото на името е нејасно. Раните транскрипции не подржуваат врска со Света Сузана или со фрулијанскиот топоним Susáns. Суфиксот -ана укажува на романско потекло, со можност називот да е изведен од латинското лично име Сесиус. Друга можност е називот да е изведен од имотното име *Sextiānum, а исто така можно е да е од ломбардиско потекло.[3] Во 19. век имињата Сесана и Сехсана биле во официјална употреба.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

До 1918 година, градот бил дел од Австриската монархија, на чело на истоимената област, еден од единаесетте Bezirkshauptmannschaften во покраината Австриско приморје.[5]

Сежана останало мало и незначително село се до средината на 19. век, кога австриската јужна железница, која ги поврзува Виена и Трст, била изградена во близина. Со тоа Сежана бил поврзан на голема сообраќајница и наскоро станал најважен центар на висорамнината Карс, заедно со Опичина. По 1918 година, градот бил припоен кон Кралството Италија и вклучен во покраината Трст.

Во текот на фашистичкиот период, населението било подложено на насилна политика на италијанизација, и голем дел од локалното население се приклучило на милитантната анти-фашистичка организација ТИГР. Во текот на втората светска војна, посебно по 1943 година, областа станала бојно поле помеѓу партизанскиот отпор и фашистите и силите на Нацистичка Германија. Во мај 1945 година, Сежана бил ослободен од југословенските партизани. Помеѓу јуни 1945 и септември 1947 година, градот бил администриран од британска и американска војска. Во 1947 година, Сежана станал дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и во 1991 година од независна Словенија.

Економија[уреди | уреди извор]

Многу индустриски претпријатија се наоѓаат во Сежана, вклучувајќи големи компании како и многу мали претпријатија. Сежана исто така е центар за туризам. Со местоположбата помеѓу Љубљана, Трст, и јадранскиот брег и многутте значајни туристички знаменитости во близина, како ергелата во Липица, Постојнска Јама, Шкоцкански Јами, пештерата Виленица и утврденото село Штањел, Сежана е атрактивна туристичка дестинација. Градот исто така е значаен земјоделски центар.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistical Office of the Republic of Slovenia
  2. Sežana Municipality site
  3. Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 375.
  4. Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850-1864, by Edwin MUELLER, 1961.
  5. Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890, Wilhelm KLEIN, 1967
  6. Sežana Municipality Committee for International Cooperation

Надворешни врски[уреди | уреди извор]