Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Сежана (словенечки : Občina Sežana ) — општина во областа Приморска , југозападна Словенија , недалеку од границата со Италија .[2] Во 2020 г. населението броело 13.702 жители.[1] Седиште е градот Сежана . Основана е на 6 ноември 1994 г. кога дотогашната Општина Сежана е разделена не четири помали општини (Дивача , Хрпеље-Козина , Комен и Сежана).
Општината ги опфаќа следниве населени места:
Словенските племиња се доселиле во овој крај кон крајот на VI век. Во средниот век со подрачјето владееле Војводството Фурланија и Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до XIV век кога тука завладеале грофовите на Горица. Во 1500 г. потпаднала под Хабсбурговците , кои ја ставиле во состав на Покнежената Грофовија Горица и Градишка .
Ергелето во Липица[3] од каде потекнува славната коњска раса липицанер
Жив музеј на Крас
Пештерата Виленица
Ботаничка градина во Сежана
Пепинова крашка градина во Дутовље
Спомен-соба на поетот Сречко Косовел во Сежана и неговата стопанска куќа во Томај
Воен музеј во Локев
Косовеловата стопанска куќа
Примож Брезец (р. 1979) — кошаркар во НБА
Август Чернигој (1898 - 1985) — сликар
Данило Долчи (1924 - 1997) — италијански општествен деец
Бранка Јурца (1914 - 1999) — писателка на книги за деца
Тарас Кермаунер (1930 - 2008) — книжевен историчар и мислител
Сречко Косовел (1904 - 1926) — истакнат модернистички поет
Јосип Крижај (1911- 1948) — воен пилот
Симон Кукец (1838 - 1910) — претприемач, основач на пивницата „Лашко“
Јосип Ости (1945 - 2021) — поет, есеист и преведувач
Мајда Ширца (р. 1953) — новинарка и политичарка
Цирил Злобец (1925 - 2018) — поет
Соседни места на Општина Сежана