Општина Кршко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Кршко
Občina Krško
општина
Грб на Општина Кршко
Местоположба во Словенија
Местоположба во Словенија
Земја Словенија
СедиштеКршко
Управа
 • ГрадоначалникМиран Станко
Површина
 • Вкупна286,5 км2 (1,106 ми2)
Надм. вис.&10000000000000163000000163 м
Население (2020)[1]
 • Вкупно26.224
 • Густина9,2/км2 (24/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Пошт. бр.8270
Повик. бр.(+386) 07
Рег. таб.KK
Мреж. местоkrsko.si Уредете го ова на Википодатоците

Општина Кршко (словенечки: Občina Krško) — општина во Посавскиот регион, источна Словенија. Подрачјето традиционално е поделено помеѓу областите Долна Штаерска (на левиот брег на Сава) и Долењска (на десниот). Во 2020 г. населението броело 26.224 жители.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошките наоди покажуваат дека подрачјето е населено уште во праисторијата. Долж реката Сава има бројни наоѓалишта од бронзеното и железното време, како и од римскиот период, што укажува на непрекинато живеење. По средновековниот период овој крај станал владение на Хабсбурговците. Од XV до XVII век кршкото подрачје било мета на османлиски напади.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Општината има разни знаменитости како the енориската црква „Св. Јован Богослов“ во Кршко,[2] црквата „Св. Руперт“ во Видем,[3] црквата „Св. Дух“ на десниот брег на Сава,[4] Капуцинскиот манастир,[5] и остатоците замокот Кршко. Понајуг се наоѓа замокот Шрајбарски турн, изграден во XVI век. Од природните знаменитости можат да се одвојат пештерата Костањевичка Јама во подножјето на венецот Горјанци и Краковската Шума — единствената прашума во Словенија каде расте дабот стежер (Quercus robur) и претставува живеалиште за неколку ретки и загрозени животински видови.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Општина Кршко Поле се развиени градежништвото, металообработката, производството на хартија, текстилството, дрвопреработката, земјоделството, трговијата и превозот, додека туризмот сè уште е во развој. Во плодната раминица на југоисток од градот Кршко крај брегот на Сава наречена Кршко-брежичко Поле има лозја и овоштарници со јаболка, круши, праски, кајсии и сливи. Овдешните винарии се познати по сортите „цвичек“, „лашки ризлинг“, „модра франкиња“, а и по помалку познати месни вина како бел и црвен сремичан.

Населени места[уреди | уреди извор]

Покрај општинското седиште Кршко, општината ги опфаќа и следните населени места:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  2. Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 1950
  3. Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 3485 и 3486
  4. Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 305
  5. Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 10286

Надворешни врски[уреди | уреди извор]