Општината се граничи со Хрватска на југ и општините Изола и Копер на исток. Преку Трстјанскиот Залив гледа во Италија. Земјиштето е прилично ниско, при што највисоката точка Баретовец при Падни е висока само 289 м.[4]
Општината е двојазична, во која словенечкиот и италијанскиот се службени. Денес бројот на италијански говорници е мал, за разлика од почетокот на XX век. Според австрискиот попис од 1910 г. селата во подрачјето на денешната општина биле мешани; во едни (како Свети Петер и Падна) живееле речиси исклучиво Словенци, додека пак во други (Сечовље и Сеча) скоро сите говореле само италијански. Во целина, на тој попис 85,1 % од населението биле италијански говорници, а 15,2 % биле Словенци.