Општина Кобарид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Кобарид
Občina Kobarid
општина
Kostnica Sacrario view on Isonzo south.jpg
Грб на Општина Кобарид
Грб
Местоположба на општината во Словенија
Местоположба на општината во Словенија
Земја Словенија
СедиштеКобарид
Управа
 • ГрадоначалникДарја Хауптман
Површина
 • Вкупна192,7 км2 (744 ми2)
Население (2010)[1]
 • Вкупно4.052
 • Густина2,1/км2 (5,4/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоkobarid.si

Општина Кобарид (словенечки: Občina Kobarid) — општина во западна Словенија крај границата со Италија. Сместена е во долината на реката Соча. Во 2020 г. населението броело 4.052 жители.[1] Седиште е гратчето Кобарид.[2]

Создадена е на 3 октомври 1994 г. кога тогаш големата Општина Толмин е поделена на три општини: Бовец, Кобарид и Толмин.[3]

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината ги опфаќа следниве населени места:

Историја[уреди | уреди извор]

Поврзано: Горица и Градишка и Јулиска краина

Подрачјето е населено уште во праисторијата, а пронајдени се предмети и од халштатскиот период. Во VI век тука се доселиле словенски племиња, предците на денешните Словенци. Во средниот век Кобарид и околината прво биле под влласта на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), а подоцна под Грофовијата Толмин, за во XV век да бидат преземени од Хабсбуршката Монархија како и највеќето други словенечки територии. Со исклучок на краток период од 1809 до 1813 г. под наполеонското Кралство Италија, крајот останал под австриска власт сè до 1918 г.

Во средината на XIX век Кобарид станал важен центар на словенечката национална преродба. За време на Првата светска во овој крај се одвивале Битките на Соча помеѓу Италија и Австроунгарија. По војната, подрачјето е окупирано од италијанската војска и во 1920 г. станало дел од Италија со областа Јулиска краина. Помеѓу 1922 и 1943 г. населението, кое било исклучиво словенечко, било подложено на насилна италијанизација. Многу од мештаните се преселиле во соседното Кралство Југославија. За бурното минато сведочат неколку италијански воени споменици.

Веднаш по капитулацијата на Италија во септември 1943 г. партизаните кренале востание и прогласиле Кобаридска Република на територија од 2.500 км2 под управа на Ослободителниот фронт на Словенија. На почетокот на ноември 1943 г. Германците ги истиснале партизаните и зазеле крајот, држејќи го под нивна контрола до мај 1945 г. со доаѓањето на Југословенската народна армија.

Во септември 1947 г. одржани се Париските мировни договори со кои ова подрачје ѝ е доделено на Југославија. Неколку стотици жители, особено од Брегињ, се преселиле во Италија за да го избегнат комунистичкиот режим.

Со распадот на СФРЈ во 1991 г. општината станала дел од независна Словенија.

Познати личности[уреди | уреди извор]

  • Симон Грегорчич (1844 - 1926) — истакнат поет (роден во Врсно)
  • Симон Рутар (1851 - 1903) — историчар (роден во Крн)
  • Антон Грегорчич (1852 - 1925) — свештеник и конзервативен политичар (роден во Врсно)
  • Јосип Паљаруци (1859 - 1885) — поет (роден во Кобарид)
  • Јожа Ловренчич (1890 - 1952) — експресионистички поет и просветар (роден во Кред)
  • Андреј Манфреда (1908 - 1943) — антифашистички борец, член на ТИГР (роден во Кобарид)
  • Андреј Уршич (1908 - по 1948) — новинар и политички деец (роден во Кобарид)
  • Иван Урбанчич (1930 - 2016) — филозоф (роден во Робич)
  • Јожев Школч (р. 1960) — либерален политичар (роден во Брегињ)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  2. Kobarid municipal site
  3. Statistical Office of the Republic of Slovenia. 2007. Vzpostavitev lokalne samouprave v Republiki Sloveniji v številkah, no. 6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]