Порано обете населени места биле предградија на градот Горица. Во 1947 г. влегле во состав на Југославија, а Горица останала во Италија. Оттогаш местата одделно се развиваат. Денес општината образува една непрекината урбана целина со соседните градови Нова Горица (во Словенија) и Горица (во Италија).[2] Од мај 2011 г. овие три општини се здружени во прекугранична метрополитенска област, управувана од заеднички орган.[3]