Историски, ова место е поврзано со соседното место Соводње на Соча (итал. Савоња д’Изонцо), кое останало во Италија со Парискиот мировен договор од февруари 1947 г. Од втората половина на XIX век Мирен е центар на трговијата и лесната индустрија, тесно поврзан со градските подрачја на Горица (Гориција) и Тржич (Монфалконе). Од друга страна, Костањевица на Крас е средиште на поголемо слабонаселено селско подрачје на високата висорамнина Крас. Со реформата од 1994 г. овие две подрачја се здружиле во една општина. Од 1947 г. двете места гравитираат кон конурбацијата Нова Горица-Шемпетер, каде мештаните често доаѓаат.