Општина Бовец
| Општина Бовец Občina Bovec | |
|---|---|
| општина | |
Местоположба на Општина Бовец во Словенија | |
| Земја | |
| Седиште | Бовец |
| Управа | |
| • Градоначалник | Валтер Млекуж |
| Површина | |
| • Вкупна | 367,3 км2 (1,418 ми2) |
| Население (2010)[1] | |
| • Вкупно | 3.073 |
| • Густина | 0,84/км2 (2,2/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+01) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) |
| Мреж. место | obcina.bovec.si |
Општина Бовец (словенечки: Občina Bovec) — општина во северозападна Словенија. Седиште на општината е населбата Бовец. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 3.073 жители.[2]
Населени места
[уреди | уреди извор]Покрај општинското седиште Бовец, општината ги опфаќа и следните населени места:
Географија
[уреди | уреди извор]Северниот дел на општината се издига над долината Трента до врвовите на планините Мангарт, Јаловец и Триглав — сите сместени во Националниот парк Триглав (но не и самиот Бовец). Во Општина Бовец се наоѓаат двата најважни планински превоја на Јулиските Алпи: превојот Предел на словенечко-италијанската граница на северозапад и превојот Вршич на североисток, кој ја поврзува со долината на Соча со Крањска Гора во соседниот регион Горењска. На југозапад превојот Учја го поврзува Бовец со долината Резија во Италија.
Туризам
[уреди | уреди извор]Во општината има неколку природни знаменитости како што е изворот на Соча, гоолемиот водопад Бока (висок 106 м), скијалиштето „Канин“ и долината Трента поврзани со Бовец преку планинарска патека. Tуризмот е мошне развиен; во Бовец има бројни сместувачки капацитети и слетувалиште за полесни воздухоплови.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ „Občina Bovec – Slovenija – Zgornje Posočje“. obcina.bovec.si. Посетено на 2022-03-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Општина Бовец на Ризницата ?- Портал на Општина Бовец (словенечки)
- Општина Бовец на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.
| |||||||||||||||
| ||||||
| ||||||||||||