Општина Толмин
Општина Толмин Občina Tolmin | ||
---|---|---|
општина | ||
Поглед на Толмин | ||
Местоположба на Општина Толмин во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Толмин | |
Управа | ||
• Градоначалник | Урош Брежан | |
Површина | ||
• Вкупна | 381,5 км2 (1,473 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 11.003 | |
• Густина | 2,9/км2 (7,5/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | tolmin.si |
Општина Толмин (словенечки: Občina Tolmin) — општина во Горичкиот регион, западна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Во 2020 г. населението броело 11.003 жители.[1] Најголемо населено место и општинско седиште е градот Толмин.
Населени места
[уреди | уреди извор]Покрај општинското седиште Толмин, општината ги опфаќа и следните населени места:
- Бача кај Модреј
- Бача кај Подбрдо
- Буковски Врх
- Воларје
- Волчански Рути
- Волче
- Габрје
- Горења Требуша
- Горењи Лог
- Горски Врх
- Грант
- Грахово на Бача
- Грудница
- Дабер
- Долги Лаз
- Долења Требуша
- Доље
- Дробочник
- Забче
- Задлаз-Жабче
- Задлаз-Чадрг
- Закрај
- Затолмин
- Знојиле
- Идрија кај Бача
- Кал
- Камно
- Каналски Лом
- Клавже
- Кнежва
- Кнешке Равне
- Козаришче
- Козмерице
- Коритница
- Кук
- Лисец
- Логаршче
- Лоје
- Љубињ
- Модреј
- Модрејце
- Мост на Соча
- Облоке
- Петрово Брдо
- Печине
- Подбрдо
- Подмелец
- Поље
- Пољубињ
- Поникве
- Порезен
- Постаја
- Прапетно Брдо
- Прапетно
- Роче
- Рут
- Села кај Волче
- Села над Подмелец
- Селишче
- Селце
- Слап на Идријица
- Стопник
- Стржишче
- Темљине
- Толминске Равне
- Толмински Лом
- Тртник
- Худајужна
- Чадрг
- Чигињ
- Шентвишка Гора
Историја
[уреди | уреди извор]Во стариот век подрачјето било населено од Илирите, а потоа освоено од Римјаните. Во VI век се доселиле и Словените, предците на денешните Словенци.
Во средниот век подрачјето било под управа на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до 1420 г. кога потпаднало под Венецијанската Република. Во 1514 г. е преземено од Хабсбурговците и дадено како лено на грофовското семејство Коронини-Кронберг. Средновековните документи сведочат за голем број востанија кои се провлекуваат низ вековите, доживувајќи го својот врв во селанската буна во 1713 г. Оваа буна започнала од Грофовијата Толмин и се проширила во Випавската Долина, висорамнината Крас и крајот Брда, па до северна Истра. Востанието било безмилосно задушено од царската војска, а неговите единаесет предводници биле обезглавени.
Во XVI век овој крај влегол во Грофовијата Горица и Градишка. За време на Првата светска војна Толмин служел како база за пробивот на Сочкиот фронт. На крајот од 1918 г. италијанската војска гп окупирала толминскиот крај, и од 1918 до 1943 г. (формално до 1947 г.) Толмин станал општина на покраината Гориција/Горица (под името Толмино), со исклучок на периодот од 1924 до 1927 г. кога Гориција била укината и ставена во покраината Удине.[2] Од 1943 до 1945 г. подрачјето е заземено од германската воена управа (Оперативна зона Јадранско приморје). Во 1945 г. е ослободен од партизаните, па во 1947 г. е официјално припоен кон Југославија. Оттогаш до денес е дел од Словенја.
Географија
[уреди | уреди извор]Општинат аги опфаќа сливовите ма релоте Толминка и Задчашчица во најнискиот пристапнен дел на Националниот парк Триглав. Од особен интерес во сливот на Толминка е топлиот извор на крајот од патеката. Во околината има неколку впечатливи водопади како Бринта (104 м) и Грегорчичевиот Водопад (88 м), како и неколку помали водопади засолнети во кланците на потоците Мрзли Поток, Годича, Пшчак и Сопотница.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-06-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Толмин на Ризницата ?
- Портал на Опшина Толмин (словенечки)
|
|
|
|