Прејди на содржината

Општина Крањска Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Крањска Гора
Občina Kranjska Gora
општина
Грб на Општина Крањска Гора
Местоположба на општината во Словенија
Местоположба на општината во Словенија
Земја Словенија
СедиштеКрањска Гора
Управа
  ГрадоначалникЈанез Хроват
Површина
  Вкупна256,3 км2 (990 ми2)
Население (2020)[1]
  Вкупно5.225
  Густина2,0/км2 (5,3/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоkranjska-gora.si Уредете го ова на Википодатоците

Општина Крањска Гора (словенечки: Občina Kranjska Gora) — општина во северозападна Словенија. Седиште на општината е населбата Крањска Гора. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Се наоѓа крај реката Сава Долинка, на тромеѓата помеѓу Словенија, Австрија, Италија. Во 2020 г. населението броело 5.225 жители.[1] Денес е дел од Горењскиот статистички регион.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Покрај општинското седиште Крањска Гора, општината ги опфаќа и следните населени места:

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината е сместена во алпската Горносавската Долина на крајниот северозапад на земјата, на тромеѓата со Италија и Австрија. Од север и југ над долината се издигаат Караванките и Јулиските Алпи. На исток границата минува веднаш под гратчето Јесенице, каде долината се проширува кон Радовљица, протегајќи се на запад долж вододелницата меѓу реките Сава и Зиљица (Злица), западно од Ратече. На север превојот Коренско Седло (Вурценпас) кај Подкорен води до австриското гратче Арнолдштајн (Подклоштер) во Корушка, а на југ превојот Вршич ја поврзува општината со Трента на Словенечкото приморје.

Горносавската Долина се одликува со алпска клима со долги снежни зими и покуси лета со умерени температури, источни ветрови и доволно врнежи з да се одржи нејзината зеленост. Зимата трае по четири до пет месеци, од кои четири се под снежна покривка. Најниската дневна температура во јануари изнесува -8 °C, а во просек е малку над нулата. Во најтоплите летни месеци просечна температура е 10 °C наутро, искачувајќи сè до 23 °C во текот на денот. Зиме се забележуваат големи разлики помеѓу сончевите и осојните падини на долината. Сончевите се погодни за планинарење и пешачење, додека пак осојните ја задржуваат снежната покривка.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]