Триглав
Триглав | |
---|---|
![]() Поглед од исток | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2864 м |
Истакнатост | 2052 м |
Географија | |
Матичен венец | Јулиски Алпи |
Искачување | |
Прво освојување | 1778 |
Планинскиот врв Tриглав (словенечки Triglav) се наоѓа во северозападниот дел на Република Словенија, највисок врв на Јулиските Алпи. Неговата височина изнесува 2.864 метри. Потеклото на неговото име сè уште не е точно утврдено. Едната верзија е дека доаѓа од името на словенскиот бог Триглав или заради тоа што гледан оддалеку врвот изгледа како со три глави. Според повеќето истражувања името доаѓа од старословенското паганско божество Триглав, чијшто идол населението го чувало на скришните места пред освојувачкиот поход на легијата на Отон Бамбершки, којшто ширејќи го римокатоличкото христијанство уништувал секој пагански елемент. Познато е дека идолот на Триглав се чувал во Штетин.
Првпат е искачен на 25 август 1778 година. Најголем интерес предизвикува неговата северна страна, карпа со 1200 метри височина и 3000 метри должина. Денес е дел и симбол на Триглавскиот национален парк (Триглавски народен парк).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Триглав“ на Ризницата ? |
- Информации и слики
- Галерија слики на врвот
- Мрежно место за Јулиските Алпи Архивирано на 19 август 2007 г.
![]() | Оваа статија место во Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |