Гајзињкалнс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гајзињкалнс
Gaiziņkalns
Јарбол со реплика на разурнатата кула
Највисока точка
Надм. вис.312 м
Координати56°52′12.93″N 25°57′33.68″E / 56.8702583° СГШ; 25.9593556° ИГД / 56.8702583; 25.9593556Координати: 56°52′12.93″N 25°57′33.68″E / 56.8702583° СГШ; 25.9593556° ИГД / 56.8702583; 25.9593556
Географија
Гајзињкалнс на карта

Карта

Местожупа Берзауне, општина Мадона, Латвија

Гајзињкалнс (латвиски: Gaiziņkalns) или Гајзињш (Gaiziņš) — рид во Латвија и највисока точка во земјата со висина од 312 м[1]. Сместен е на Виѕемското Возвишение, недалеку на запад од гратчето Мадона во средишниот дел на областа Виѕеме.

Иако не е многу висок, на ридот е направено скијалиште со три патеки и неколку ноќевалишта.[2] На Гајзињкалнс е подигната кула со цел ридот да биде повисок од Сур Мунамеги — највисока точка во соседна Естонија (318 м). Кулата уште недовршена станала популарна знаменитост, но набргу била затворена од безбедносни причини. Разурната е во декември 2012 г. и остатоците се отстранети. Во близина има повеќејазична табла, но самиот врв нема обележувач.

Поглед од Гајзињкалнс

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gaiziņkalna augstuma precizēšana Архивирано на 24 ноември 2016. Latvijas Ģeotelpiskās informācijas aģentūra
  2. Madonas novads. „Golgata Recreation Center (Gaiziņkalns)“. Посетено на 12 април 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]