Маглиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маглиќ
Маглиќ со облаци
Највисока точка
Надм. вис.2.386 м
Географија
Маглиќ на карта

Карта

МестоБиХ / Црна Гора
Матичен венецДинариди[1]
Геологија
Видкарстен варовник
Грновачкото Езеро под Маглиќ

Маглиќ (српски: Маглић) — динарска планина во Република Српска (БиХ), на границата со Црна Гора. Со надморска височина од 2.386 м претставува највисока планина во Босна и Херцеговина. Се протега во правец северозапад-југоисток. Се наоѓа во Националниот парк Сутјеска создаден во 1962 г. околу клисурата на реката Сутјеска и падините на Маглиќ.

Географија[уреди | уреди извор]

Планината се наоѓа 20 км од градот Фоча, кај границата со Црна Гора. Најблиско населено место е Мратиње.[2] Јужните и југозападните предели околу Маглиќ се висорамнински, направени од карстен варовник.[3]

Масивот на Маглиќ со состои од два врва: Велики Маглиќ (2.386 м) на босанска страна и Црногорски Маглиќ (2.388 м) на црногорската страна, кој е повисок за 2 м. Во црногорскиот дел е образувано Трновачкото Езеро кое важи за едно од најубавите во Црна Гора.[2] Езерото е ледничко потекло и лежи во амфитеатрално седло на надморска височина од 1.517 м, долго е 700 а широто 400 м и има синозелена боја.[2][4]

Планината е ограничена од реката Сутјеска на север и запад од планината Волујак на југозапад, реките Дрина и Пива на исток и долината Мратиска Увала на југ.[2][5]

Падините на Маглиќ имаат разновидна поривка, но особено богата е шумата Перуќица, која ужива посебен заштитен статус како најстарата прашума во Европа (и една од двете преостанати). Северозападните падини имаат густа зимзелена и букова шума до н.м. висина од 1.600 м, но во други правци падините се многу стрмни, карпести и голи. Висорамнинските делови над 1.600 м имаат пасишта.[6][7]

Врвот е пристапен преку патеки во националниот парк и обично се освојува за два дена. Високогорскиот пристап е само од јужната страна и се одликува со богата растителнсот од трева и борови. Од врвот на Маглиќ се гледаат планините Волујак, Биоќ, Трновачкото Езеро, Дурмитор (во Црна Гора) и други планини во БиХ на север и северозапад.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маглиќ на Peakbagger
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Maglić / Bioč / Volujak / Trnovački Durmitor / Vlasulja“. summitpost.org. Посетено на 11 July 2011.
  3. „Maglic“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 10 July 2011.
  4. „Green Visions and Outdoor Adventure and Culture Guide 2008“ (PDF). Sutjeska National Park Hike. Green Visions. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-03-26. Посетено на 11 July 2011.
  5. „Maglić Mountain“. mountainsmounts.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-15. Посетено на 10 July 2011.
  6. „National Park Sutjeska“. Highlander. Посетено на 7 July 2011.
  7. „Sutjeska National Park“. Visitsrajevo.ba. Архивирано од изворникот на 2013-01-20. Посетено на 11 July 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]