Сњежка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сњежка
Sněžka / Śnieżka
Śnieżka z zachodu.jpg
Sněžka from the west.
Највисока точка
Надм. вис. 1.603 м [1]
Истакнатост[1]
Географија
Место Чешка и Полска
Матичен венец Крконоше
Искачување
Најлесен пат туристички патеки,
жичница од Пец под Сњежка
Сњежка во 1900 г.

Сњежка (чешки: Sněžka, полски: Śnieżka, германски: Schneekoppe) — планина на границата на Чешка и Полска, и најстакната точка на Шлескиот Срт во венецот Крконоше. Со 1603 м ова е највисока планина во Чешка, на венецот Крконоше и целите Судети.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото документирано искачување на планината се случило во 1456 г. од непознат венецијански трговец во потрага по драги камења. Набргу потоа се појавиле и првите населени места на планината, претежно во облик на рударски населби, каде населението се занимавало со добивање на бакар, железо и арсеник. Рударските окна се зачувани и до денес, и долги се вкупно 1,5 км.

Првото германско име на планината е Ризеберг („џиновска планина“), спомнато од Георг Агрикола во 1546 г. По петнаесет години се јавува името Ризенберг на картата на Шлеска на Мартин Хелвиг. Подоцна германското име се сменило во Ризенкопе („џиновска чука“), за на крај да го добие називот Шнекопе („снежна чука“).

На чешки, планината прво се нарекувала Пахрбек Сњежни (снежна чука), подоцна Сњежка, а името Сњежовка е усвоено во 1823 г. Во постаро време, планината на полски се нарекувата Гура Олбжимја („џиновска планина“).[2]

Најстар објект на врвот е параклисотСв. Лаврентиј“ (Laurentiuskapelle), изграден околу 1665–1681 г. од шлеското семејство Шафгоч како меѓник на нивниот имот. Околната територија, заедно со рудниците, биле во сопственост на ова семејство сè до 1945 г. Во 1850 г. е изграден планинарскиот дом Пруска колиба на шлеската (полска) страна, а во 1868 г. е направен и домот Чешка колиба на чешка страна. Пруската колиба е обновувана заради пожари во 1857 и 1862 и по 1945 г., па на крајот срушена во 1967 г. Чешката колиба се запустила по 1990 г. и е урната во 2004 г.

Во 1900 г. на врвот е изградена дрвена метеоролошка станица. Интересно е што била единствената неоштетена метеролошка станица цела Средна Европа по Втората светска војна. Урната е во 1980-тите.

Планината денес[уреди | уреди извор]

Полската метеоролошка опсерваторија

Планината е мошне популарно планинарско одредиште за туристи од Чешка, Полска и Германија, кои ја посетуваат во летниот период. На полска страна има видиковец со ресторан во облик на диск, изграден во 1974 г., матеоролошка станица и параклисот Св. Лаврентиј. На чешка страна се остатоците од Чешката колиба, пошта и седечка жичница која поаѓа од Пец под Сњежка на подножјето на планината.


Поглед од врвот на Сњежка

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Sněžka, Czech Republic/Poland" Peakbagger.com. посет. 27 октомври 2012 г
  2. Geographische Namen in den Böhmischen Ländern

Надворешни врски[уреди | уреди извор]