Мелехеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мелехеј
Møllehøj
Mollehøj from Ejer Bavnehøj.JPG
Поглед на Мелехеј од блиската кула на ридот Ајер Бавнехеј. Највисоката точка е затскриена зад покривот.
Највисока точка
Надм. вис. 170,86 м
Истакнатост 161 м [1]
Заведена како највисока во земјата
Географија
Место општина Скандерборг, Средна Данска, Данска
Покраина DK

Мелехеј (дански: Møllehøj) — рид во состав на Ајерските Ридови (Ejerbjerge). во општината Скандерборг, Средна Данска. Со 170,86 м, ова е највисока природна природна точка[б 1] во Данска. Врвот е означен со мелнички камен — останка од ветерницата на ридот која работела од 1838 до 1917 г. Имала осум страни и покрив во облик на луковица.

Сè до премерот во 2005 г. се сметало дека највисоко место во земјата е ридот Идинг Сковхеј (172,66 м со могила со бронзено време или 170.77 м без неа) во општината Хорсенс, и на второ место, Ајер Бавнехеј во непосредна близина на Мелехеј. Со премерот е утврдено дека највисоките природни точки на ридовите се сепак за 9 односно 51 см пониски од Мелехеј. Истата година Мелехеј е прогласен за највисока точка во Данска.

Мелничкиот камен на Мелехеј

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. За споредба, највисокиот вештачки објект во Данска (предавателот „Томеруп“) е висок 321.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Møllehøj, Denmark“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=28239. посет. 2 август 2014 г.  (англиски)