Риси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Риси
Rysy-2004-06-11.jpg
Северниот врв
Највисока точка
Надм. вис. 2.503 м [1]
Истакнатост 163 м [1]
Заведена како највисока точка во Полска
Име
Превод гребнатини или отвори (словачки и полски)
Географија
Место  Словачка /  Полска
Матичен венец Високи Татри
Геологија
Вид планина гранит
Искачување
Најлесен пат планинарење
Шарен нужник, Чата под Рис.
Поранешната граница на врвот.

Риси (полски: Rysy; шведски: Rysy; германски: Meeraugspitze, Мераугшпице; унгарски: Tengerszem-csúcs, Тенгерсем-чуч) — планина на Високите Татри, сместена на самата граница помеѓу Словачка и Полска. Риси има три врва: средниот со 2.503 метри; северозападниот со 2.499 метри и југоисточниот со 2.473 метри. Северозападниот врв е највисока точка на Полска; другите два врва се на словачката страна на границата.

Име[уреди | уреди извор]

Стручњаците претпоставуваат дека полското и словачкото име означува „гребнатинки“ или „отвори“, што се однесува на суводолиците, било на западните падини или попознатата суводолица висока 500 метри, како и бројни помали на северната страна. Народната етимологија на словачката страна вели дека името доаѓа од множината „риси“ што означува „рисови“, иако присуството на рисот не ја надминува границата на дрвјата.

Унгарското и германското име означуваат „врв морско око“, од ледничкото езеро на северните падини на планината, наречено „морско око“.

Историја[уреди | уреди извор]

Прво познато искачување било направено во 1840 година, од Еде Бласи и неговиот водич Јан Руман-Дриечни. Прво зимско искачување било направено во 1884 година, од Теодор Вунт и Јакоб Хорвај. Во XX век, комунистичките власти тврделе дека Владимир Ленин се искачил на планината во почетокот на 1910-тите години.

Туризам[уреди | уреди извор]

Риси е највисок врв на Татрите кој е пристапен за поединечните туристите пеш без планински водич. Возможно е искачување на врвот од словачка страна, започнувајќи во Штрбске Плесо и поминувајќи кај Чата под Рисми, планински клозет на височина од 2.250 метри, отворен во текот на летото (мај-октомври). Планината може да се искачи од полска страна доаѓајќи преку езерото Морско Око, кој е потежок и пострмен правец. Во периодот од 1 ноември до 15 јуни, патеката на словачката страна е затворена.


Со пристапувањето на Полска и Словачка во областа Шенген во 2007 година, границата помеѓу двете земји може лесно да биде помината како и на сите други точки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Панорами[уреди | уреди извор]