Географија на Словачка

Словачка е држава која се наоѓа во Средна Европа.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 49.035 км2, и според тоа се наоѓа на 130 место по големина во светот. Земјата граничи со Полска, на југ со Унгарија, на исток со Украина и на запад со Чешка и Австрија.
Главниот град Братислава е најголемиот во државата со 475,503[1] жители.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот, вкупното население во Ерменија е околу 5,422,194[2] жители. Густината на населеноста е 111/km2 жители на квадратен километар.
Клима
[уреди | уреди извор]Во словачкиот релјеф доминантни се планинските венци и природа со Карпатите кои се протегаат на северниот дел од државата.[3] Како дел од тие планини е и планината Татра. Во близина на полската граница се наоѓаат Високите Татри кои се популарно одредиште за скијање. На Големите Татри има доста мали езера и тука се наоѓа највисоката точка на Словачка - Герлаховски Штит со висина од 2.655 метри и словачката симболично највисока планина Кривањ.
Поголеми словачки реки се: Дунав, Вах и Хрон. Тиса ја сочинува словачко-унгарската граница за 5 км. Климата на Словачка воглавно е континентална.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bratislava finds census results as positive“. Pravda.sk. Посетено на 2021-12-31.
- ↑ „Stock of population in the SR on 30 June 2024“. slovak.statistics.sk. Statistical Office of the Slovak Republic. 30 August 2024. Посетено на 30 August 2024.
- ↑ Votruba, Martin. „Upper Liptov Climate“. Slovak Studies Program. University of Pittsburgh. Архивирано од изворникот на 2010-06-02. Посетено на 2010-06-11.