Географија на Андора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Андора

Местоположба[уреди | уреди извор]

Андора е држава која се наоѓа во југоисточниот дел на Пиринејскиот полуостров во југозападна Европа.

Граници[уреди | уреди извор]

Андора се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија.

Плоштината на Андора изнесува 468 км², и според неа се наоѓа на 193 место во светот. Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроса (2.946 м), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2.900 м. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во Каталонија.

Население[уреди | уреди извор]

Андора има 70.549 жители (2005), а густината на населението изнесува 151 жит/км². Околу 92% е градско. Андора ла Велја со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население по културата и јазикот е од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански доселеници, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на бројот на доселеници на годишно ниво). Службен јазик е каталонскиот, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7% од населението го зборуваат францускиот јазик. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.

Клима[уреди | уреди извор]

Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 mm. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.