Географија на Босна и Херцеговина

Координати: 44°N 18°E / 44° СГШ; 18° ИГД / 44; 18
Од Википедија — слободната енциклопедија
Топографска карта на Босна и Хервеговина.
Географски координати : 44°N 18°E / 44° СГШ; 18° ИГД / 44; 18

Местоположба[уреди | уреди извор]

Босна и Херцеговина е држава која се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, сместена на западниот дел од Балканскиот Полуостров.

Граници[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 км2. Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 km, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 км и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 км[1].

Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географски и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42 000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението во 1991 година, од вкупното население 44% се Бошњаци, 31% Срби и 17 % Хрвати, а додека 6% се декларирале како Југословени, и 2% во останати. Според процентите од американската агенција ЦИА, населението во БиХ во 2004 година изнесувало 4.007.608 од кои во федерацијата Босна и Херцеговина живееле 2.517.972 а во Република Српска 1.490.993.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во БиХ е умереноконтинентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. На југ кон приморјето можат да се појават благи врнежливи зими.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2016-04-07.