Географија на Англија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географијата на Англија

Англија се состои од средишната и јужната третина на островот Велика Британија, плус острови, од кои најголем е Вајт. Земјата на север се граничи со Шкотска, а на запад со Велс. Поблиску е до континентална Европа од другите делови на Британија, раздвоена од Франција со 34 км море.

Најголем град во земјата е Лондон. Манчестер и Бирмингем го делат второто место. Низа други градови, главно во северна Англија имаат значителен број население и влијание во земјата. Тие се: Ливерпул, Лидс, Њукасл, Нотингем, Бристол, Шефилд, Брадфорд и Лестер.

Евротунелот близу Фолкстон, ја поврзува Англија со континентална Европа. Англиско-француската граница се наоѓа на половина пат во тунелот.

Највисоката забележана температура досега во Англија изнесува 38.5°C (измерена на 10 август, 2003 во Кент). [1]

Поголеми реки[уреди]

Главна статија: Реки во Велика Британија

Северн е најдолгата река во Англија, Темза е втора, а Трент е трет. Овие се исто така трите најдолги реки во Обединетото Кралство.

Река Должина (км)
1 Северн 354
2 Темза 346
3 Трент 297


Англија се состои од средишната и јужната третина на островот Велика Британија, плус острови, од кои најголем е Вајт. Англија на север се граничи со Шкотска, на запад со Велс и со Ирско море, на исток со северно море, а на југ со англискиот канал Поблиску е до континентална Европа од другите делови на Британија, раздвоена од Франција со 34 км. Најголем град во земјата е Лондон. Манчестер и Бирмингем го делат второто место. Низа други градови, главно во северна Англија имаат значителен број население и влијание во земјата. Тие се: Ливерпул, Лидс, Њукасл, Нотингем, Бристол, Шефилд, Брадфорд и Лестер. Евротунелот близу Фолкстон, ја поврзува Англија со континентална Европа. Англиско-француската граница се наоѓа на половина пат во тунелот. Највисоката забележана температура досега во Англија изнесува 38.5 °C (измерена на 10 август, 2003 во Кент).

Реки

Поголеми реки во Велика Британија

  • Темза
  • Северн
  • Трент
  • Хамбер
  • Јоркширски Аус
  • Тајн
  • Мерси
  • Ди
  • Ејвон

Северн е најдолгата река во Англија, Темза е втора, а Трент е трет. Овие се исто така трите најдолги реки во Обединетото Кралство.


Поголеми градови[уреди]

Главна статија: Листа на градови во Англија

Најголемите градови во Англија (по азбучен ред) се:

Поврзано[уреди]


Шаблон:Англија:Теми