Географија на Кипар

Местоположба
[уреди | уреди извор]Кипар е островска држава во Средоземното Море. Островот е поделен на два дела: северен, турски дел (Северен Кипар) и јужен, грчки дел (Јужен Кипар).
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 9.251 км, и според тоа се наоѓа на 167 место по големина во светот.
Главниот град Никозија (Левкозија) е најголемиот во државата со околу 206 220 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2021 година, вкупното население во Кипар е околу 923,272 жители[1]. Густината на населеноста е 85/km2 жители на квадратен километар.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Кипар е средоземна. Кипар е најтоплиот остров на Средоземјето, со околу 340 сончеви денови во годината. Но треба да се нагласи дека климатските услови не се насекаде исти. Така, во внатрешноста и на некои повисоки места, средоземната клима е изменета. Главниот фактор за таа промена е планината Тродос и Беспармак. Во врска со температурите, на целиот остров владе топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20 °C, а во внатрешноста на островот може да се намали и до 0 °C. Во Никозија најниската температура која била забележана некогаш била -5 °C.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Census of Population and Housing 2021, Preliminary Results by District, Municipality/Community“. Nicosia: Statistical Service of Cyprus. 4 August 2023. Архивирано од изворникот 24 May 2022. Посетено на 4 August 2023.