Географија на Чешка
Чешка географски се наоѓа во Средна Европа.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 78.866 км2 , и според тоа се наоѓа на 117 место по големина во светот. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ, и Словачка на исток.
Главниот град Прага е најголемиот во државата со околу 2 000 000 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот, вкупното население на Чешка е околу 10.424.926 жители. Густината на населеноста е 132 жит/км2.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.