Прејди на содржината

Географија на Финска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати :

Финска е држава која се наоѓа во североисточна Европа.

Вкупната површина на земјата изнесува 338.145 км2[1] и според тоа се наоѓа на 63 место по големина во светот. Финска е заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија.

Главниот град Хелсинки е најголемиот во државата со околу 600.000 жители.

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот, вкупното население во Финска е 5,603,851 жители[2]. Густината на населеноста е 17/км2 жители на квадратен километар.

Околу 3/4 од територијата на Финска е покриена со планини. Во јужниот и северниот дел планините се со борски двра, даб, јавор и други.

Просечната јулска температура е 16 °C, а во февруари -9 °C. Количината на снежни и дождливи врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во јужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.

За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 м2. Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3000 острови, а површината на акваторијата е 1.000 m². Најголема река е Боуксен.

  1. „Finland“. Central Intelligence Agency. 8 August 2023. Архивирано од изворникот 20 December 2022. Посетено на 23 January 2021 преку CIA.gov.
  2. „Population growth biggest in nearly 70 years“. Population structure. Statistics Finland. 26 April 2024. ISSN 1797-5395. Архивирано од изворникот 28 April 2024. Посетено на 29 April 2024.