Прејди на содржината

Географија на Луксембург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати :49°45′N 6°10′E / 49.750°N 6.167°E / 49.750; 6.167

Луксембург е планинска земја во Западна Европа.

Вкупната површина на земјата изнесува 2 586 км2, и според тоа се наоѓа на 166 место по големина во светот. Се граничи со Белгија на север и запад, со Германија на исток и со Франција на југ.

Главниот град Луксембург е најголемиот во државата со околу 90 000 жители.

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот, вкупното население во Луксембург изнесува 672,050[1] жители. Густината на населеноста е 171 жит/км2.

На северниот дел на државата се наоѓаат Ардените. Тоа е место со ниски планини. Т.н. Кноф го формира највисокиот дел од земјата со 560 метри, иако Бургплац е многу по познат. Останатиот дел од земјата е низински. Јужниот дел на земјата е погоден за градежништво. Овој дел од земјата е познат и како Гутленд. Границата со Германија е создадена од реките Оур, Алзет и Мозел. Други поголеми места се Еш на Алзет и Ехтернах.

Климата во Луксембург е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Une croissance démographique réduite en 2023“ (PDF). statistiques.public.lu (француски). 18 April 2024. Архивирано (PDF) од изворникот 18 April 2024. Посетено на 18 April 2024.